Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Филипче: Потребно е повеќе време за смените во раководството на партијата, разговарам со многу луѓе

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција рече дека му е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција рече дека му е потребно време за консолидација на партијата по резултатите од вториот круг на локалните избори и оставките на членови на раководството.   

– Јас ги најавив промените во раководството, во политиките итн. Нашата идеолошка база и политики остануваат исти. Работиме подолг временски период на програмата. Се однесува на повеќе сектори согласно нашите вредносни сектори. Таа во периодот кој што следи ќе биде презентирана во јавноста. Работиме и на проширување на опозициската платформа, не само за политички чинители и за многу други граѓански организации затоа што сметам дека ние сме единствената политичка сила која може да парира и да се соочи со ВМРО-ДПМНЕ, рече Филипче.

Според него, една од лекциите што ги научиле од овие локални избори е дека за да се спротивстават на владејачката партија потребен е поширок и посилен фронт.  

Реклама

Нови оставки во раководството на партијата нема, кажа Филпче, но исто така и нема нови лица кои би ги замениле оние што си дадоа оставки. Претседателот на СДСМ, рече дека е потребно повеќе време за тоа и оти разговара со многу луѓе, дека ги следи негативните реакции на социјалните медиуми и смета дека се реакции на неисполнети очекувања. 

– Сите се потребни во партијата. Од бројните разговори ќе ги најдам најдбрите луѓе што ќе бидат дел од тимот во следниот период. Ветив дека тоа ќе се случи оваа недела, но сепак ќе треба повеќе време. Не сакам да се избрза со тој процес, но секако навремено ќе ве информирам, рече Филипче.

На прашањето за одговорност за резултатите од изборите, тој рече дека „и за пораз и за победа никогаш не е на еден одговорноста, секогаш е колективна“, додавајќи дека имало општини каде што СДСМ имало добри резултати. 

-Јас сум задоволен, зголемување на гласовите споредбено со лани од 40 до 100 проценти. И тука покажавме добра партиска работа, консолидација и заедништво. За жал има и други општини каде што тоа не се случи, рече Филипче. 

Во однос на Изборниот законик, рече дека треба сите политички партии да се вклучат и да се донесе со консензус, и оти се спремни да разговараат за која било теза. 

-Наш став ќе биде дека влегуваме во таа дискусија да се зборува за отворени листи, рече Филипче. 

Во однос на ставот на Левица дека по резултатите од локалните избори и тие треба да имаат член во Државната изборна комисија, претседателот на СДСМ рече дека треба да се направи анализа и да се види врз основа на што Димитар Апасиев, претседател на Левица го темели тоа. 

Според Филипче, пратеничката група на СДСМ во Собранието е единствена.