Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

ФЕИТ домаќин на RoboMac 2026: Над 80 млади иноватори и експерти во натпревари по роботика

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од денеска до 25 април…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од денеска до 25 април ќе биде домаќин на натпреварите по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција RoboMac 2026 и RoboMac Junior 2026, на кои ќе учествуваат студенти, ученици и експерти од земјата и од странство.

Како што информираат од ФЕИТ, на 14. издание на RoboMac ќе учествуваат повеќе од 80 млади иноватори и експерти, кои ќе се натпреваруваат во осум категории: Trig, Track, Trace, AI Football, Robotic Arm Challenge, The VoiceBot Challenge, Self Racing Cars и SumoBot. Организаторите посочуваат дека натпреварот има за цел да им овозможи на студентите да ги применат теоретските знаења и практичните вештини, да ги надградат и усовршат, како и да разменат искуства со колеги од земјата и од странство.

Финалните натпревари во сите категории се закажани за 25 април.

Реклама

Паралелно, на ФЕИТ ќе се одржи и RoboMac Junior 2026, кој оваа година се реализира по шести пат. На овој настан ќе учествуваат 54 ученици од четврта година од 30 средни училишта во државата, поделени во две категории – RoboMac Junior: автономна мобилна роботика и RoboMac Junior: паметна електроника за автономни возила. Натпреварите за средношколците ќе се одржуваат од 20 до 22 април.

Организатори на RoboMac 2026 и RoboMac Junior 2026 се македонската секција на ИЕЕЕ преку својот студентски огранок при УКИМ и Факултетот за електротехника и информациски технологии, во коорганизација со Факултетското студентско собрание при ФЕИТ.