Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

Езерата се будат – дождот го враќа водостојот на Преспа и Охрид

Обилните врнежи од дожд го враќаат во живот пресушеното Преспанско езеро. Второто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обилните врнежи од дожд го враќаат во живот пресушеното Преспанско езеро. Второто по големина природно езеро во Македонија долг период е во апокалиптична состојба меѓудрогото и поради неповолната хидролошка состојба.Преспанско постепено ќе се врати на посакуваното ниво,ако имаме две до три поволни хидролошки сезони,укажуваат експертите.Последните мерења покажуваат дека врнежите го зголемиле водостојот на Песпанско за 32 см, од кои 17 см само во последните два дена.

 “Состојбата на квалитетот и квантитетот на водите во Преспанското езеро,а не само Преспанското езеро туку и сливното подрачје во моментов дава надеж како последица на овој хидролошки циклус што го имаме последниве неколку денови, а се надевам дека и во наредниот период ќе бидат вака.Со добра хидролошка година тие изгубени милиони метри кубни се враќаат во Преспанското езеро”-вели Ајман Маала-раководител на сектор за заштита на животна средина Ресен

Дождот го наполни и Охридското езеро кое константно во текот на целата година е под просечното ниво. Сепак според денешните мерења водостојот е зголемен  за 29 сантиметри над минално дозволената кота.

Реклама

 “Ова сегашно ниско ниво на водата во Охридското езеро е резултат на долготраен сушен период со екстремно мали количества врнежи токму во месеците кога се очекуваше тие да го достигнат својот максимум. Меѓутоа сведоци сме дека во изминативе година има се помалку снежни врнежи кои што со своето постепено топење придонесуваат кон поголемо ниво на Охридското езеро, додека овие врнежи кои ги имавме во изминатиов период придонесуваат претежно за излевање на реки и носење на целиот талог во езерото и на отпад” –вели Ѓоко Зороски,инженер за заштита на животна средина

Според последните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на трите природни езера Охридско,Преспанско и Дојранско е стабилно.