Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Европски искуства за модерен и незагадувачки јавен превоз

Набавка на електрични автобуси, развој на инфраструктура за полнење во депоа и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Набавка на електрични автобуси, развој на инфраструктура за полнење во депоа и долж линиите, како и управување со енергетската мрежа и адаптација на системот на јавен превоз кон климатските промени. Македонските општини ќе користат европски искуства за модернизација и декарбонизација на јавниот превоз. За таа цел, минатата недела во Париз се одржа презентација во рамки на „Платформата за еколошки автобуси и одржлив возен парк“, на која присуствуваа и градоначалници од Македонија.

„Ја посетивме компанијата за јавен градски превоз „Франс де мобилите“. Таму ги видовме искуствата што тие ги имаат низ текот на годините. Со повеќе од 100 години постоење, оваа компанија организира превоз на повеќе од 100 милиони патници годишно, преку различни видови јавен превоз – метро, трамваи, автобуси и слично, и навистина беше впечатливо“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Овој студиски престој во Париз беше организиран од Европската транспортна заедница во Белград и Германското друштво за меѓународна соработка, со поддршка на Регионалната организација за јавен превоз на Париз. Според градоначалникот Проданоски, ваквите иницијативи се од големо значење за македонските општини, за јакнење на институционалните капацитети, но и за отворање можности за поддршка на урбаниот транспорт, зелената мобилност и инвестициите во одржлива инфраструктура, со крајна цел – поквалитетен јавен превоз, почиста животна средина и подобар живот за граѓаните. Сите трошоци за престојот во Париз биле покриени од Транспортната заедница, без користење средства од буџетот на општината.

Реклама

Инаку, и македонската Влада веќе подолго време засилено работи на обезбедување поквалитетен и незагадувачки јавен градски превоз. За таа цел, во рок од 18 месеци треба да бидат набавени 150 еколошки автобуси, од кои 100 ќе бидат за Скопје, а останатите 50 ќе бидат распределени во другите градови каде што има јавен превоз. Првите 30 автобуси треба да бидат испорачани во рок од 6 месеци, следните 60 за една година, а останатите во период од година и пол. Неофицијално, Прилеп треба да добие најмалку два вакви автобуси, а веќе располага со четири еко-автобуси.