Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Балкан

Европската Унија ја одобри реформската агенда за Планот за раст на Македонија

Европската унија го одобри планот за раст на Западен Балкан. Македонија, Албанија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската унија го одобри планот за раст на Западен Балкан. Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово ќе поделат 6 милијарди евра кои ќе бидат наменети за развој на регионот. Потегот на официјален Брисел со кој државава добива на располагање неповратни грантови во износ од  750 милиони евра е своевидна потврда дека реформите кои се спроведуваат даваат резултат.

Еден од клучните фактори за спроведување на оваа реформа од страна на Европската Унија е Унгарија која како земја претседател дава максимална поддршка за развој регионов.

Реклама

,,Ова го трасира патот на предфинансирање да започне за време на унагарското претседателство со Унијата. Поддршката на интеграција на Западен Балкан останува клучен приоритет на унгарското претседателство,, стои во соопштението на унгарското претседателство.

Според формулата од Регулативата за инструментот за реформи и раст, усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на Еу, Македонија треба да добие 750,4 милиони евра за период од 2024-2027 година, од кои првите 7% односно 52,5 милиони евра државава треба да ги добие најдоцна до крајот на годинава.

Планот за развој кој го одобри Советот на Европската Унија во Март годинава ќе биде наменет за спроведување на реформи и развој на регионов.

Даниел Ѓорѓевски