Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Еврејска заедница во Македонија: Обид за опожарување на објектот на заедницата и синагогата, да се расветли случајот

Еврејската заедница во Македонија вечерва соопшти дека денеска  бил извршен обид за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еврејската заедница во Македонија вечерва соопшти дека денеска  бил извршен обид за опожарување на нејзиниот објект и синагогата. Го осудуваат овој чин и апелираат до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. 

– На 12 април, првпат во поновата историја беше извршен обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата. Овој чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар вз темелните вредности на цивилизираното опоштество – соживотот, достоинството и заемната почит.  Еврјеската заедница како најмалубројна, но историски длабоко вкоренета заедница на овие простори уште од времето на Антиката отсекогаш го градела својот опстанок и придонес врз принципите на мир, солидарност и заедништво.  Ние сме живееле посебно во нашите верски традиции, но заедно во секојдневието – рамо до рамо со сите наши сограѓани, споделувајќи ги и радостите и премрежјата на ова општество, се вели во соопштението до медиумите потпишано од претседателот на Еврејската заедница во Македонија Пепо Леви. 

Со особена загриженост, се вели во известувањето,  констатираме дека во последниве години се засилуваат појавите на говор на омраза, нетолеранција и опасно поистоветување на Евреите со сложените геополитички случувања на Блискиот Исток. Таквите тенденции не се само погрешни, туку и длабоко неправедни, и тие го отвораат патот за оживување на антисемитизмот – појава која човештвото одамна требаше да ја остави зад себе.

Реклама

– Обидот за подметнување пожар е алармантна последица токму на таквата атмосфера. Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат. Апелираме до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите. Но уште поважно, апелираме до совеста на општеството – да не дозволиме омразата, стравот и незнаењето да станат погласни од разумот, човечноста и правдата, се вели во соопштението.