Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

ЕУ го поздрави потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8

Европската Унија го поздрави потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската Унија го поздрави потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија, што се случи вчера на Железничката станица Ѓуешево. 

Од Министерството за транспорт соопштија дека на „Х” мрежата, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта напиша оти изградбата на железницата е поттик во регионалниот развој и зајакнување на регионалната безбедност. 

– Го поздравувам потпишувањето на договорот за прекуграничниот тунел на Коридорот 8 меѓу Бугарија и Македонија – голем чекор напред во соработката меѓу двете земји и промоција на добрососедските односи. Освен што развива билатерални врски, новата железница ќе го поттикне регионалниот просперитет и ќе ја зајакне нашата заедничка безбедност, стои во објавата на претседателот на Европскиот Совет.

Реклама

Исто така и еврокомесарката Марта Кос го поздрави потпишувањето на Договорот.

– Бугарија и Македонија се согласија да ја продолжат работата на Коридорот 8. Клучен проект што ги поврзува Јадранското Море со Црното Море преку пат и железница. Ова е важен чекор за градење доверба преку регионална поврзаност, заеднички просперитет и комуникацијата меѓу луѓето, напиша еврокомесарката Кос. 

Договорот за изградба и оперативност на железничкиот тунел на Коридор 8, вчера во Ѓуешево го потпишаа заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов. 

– Пругата на Коридор 8 покрај економското значење за Македонија, за регионот и Европа, има и безбедносно значење од аспект на НАТО, велат од Министерството за транспорт. 

Валентина Суперти, директорка на Директоратот за Западен Балкан на  ЕК, вчера на церемонијата во Ѓуешево порача дека двете соседни држави може да сметаат на поддршката од Европската Комисија.

– Од заедничкото работење на прекуграничните проекти не губат добрососедските односи коишто се од суштинско значење особено кога станува збор за членството во ЕУ, укажа Суперти и посочи дека ЕК е  мошне е задоволна што обврските коишто беа преземени на 16 јули во Брисел се исполнуваат и резултираат со потпишувањето на овој договор.

ЕУ, посочи, го поддржува зацврстувањето на соработката меѓу вашите земји и заедно со партнерите ЕУ обезбедува значителна финансиска помош за овој проект. – Сметаме на вашето лидерство а она на тоа што сведочиме денес тоа ни е потребно за договорот да биде навремено спроведен, рече Суперти.

Изградбата на тунелот на Коридорот 8 како дел од трансевропската мрежа, како што оцени таа, е иницијатива за отворање на пат којшто ќе донесе социјална и економска полза во регионот со подобрени транспортни услуги и подобар пристап до ЕУ и глобалните пазари.
 
– Тоа е одржлив транспортен систем со којшто ќе се поткрепи конкурентноста за целиот регион. Коридорот 8 е механизам за посилна регионална соработка и го покрива инфраструктурниот јаз на балканскиот регион . Од стратешка важност е за безбедноста и тоа е всушност нашата заедничка безбедност. ЕУ е целосно посветена на поддржување на спроведувањето на овие важни проекти и затоа сум тука денес,  рече претставничката на Европската комисија. 

Проценките на институците се дека со изградбата на пругата Скопје-Софија ќе има зголемување на товарниот превоз за над 30 проценти, а патничкиот сообраќај за 20–25 проценти во првите години по изградбата.

Македонија и Бугарија, по повеќемесечен застој на крајот на јуни на министерско ниво постигнаа договор за придвижување на работите за железничкото поврзување. Следуваше состанокот на делегации на двете држави на 16 јули во Брисел на кој беа идентификувани приоритетите меѓу кои и повторно објавување на тендерот за работите на железничкиот дел помеѓу Крива Паланка и влезот на прекуграничниот тунел до крајот на годинава од страна на државава.