Реклама
Македонија

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија со детали

Земјотресот што попладнево го почувствуваа граѓаните на Скопје потекнува од скопското епицентрално…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјотресот што попладнево го почувствуваа граѓаните на Скопје потекнува од скопското епицентрално подрачје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека јачината на земјотресот е 3,5 степени според Рихтер, а интензитетот е четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот е регистриран во 17:41 часот.