Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Прилози

🎥 Екстремно високите температури сериозно го загрозуваат производството на храна – земјоделците се загрижени

Климатските промени, проследени со незапамтени високи температури веќе доведуваат до се’ помали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Климатските промени, проследени со незапамтени високи температури веќе доведуваат до се’ помали и понеквалитетни земјоделски приноси, но и до вистинска борба за вода за наводнување. Македонските земјоделци се’ позагрижени. Недостигот од храна и вода стануваат и наша реалност, зашто на вакви температури ништо не вирее, не успева, децидни се тие.

   „Значи, родот што е нагоре, горните цветови, горат – нема производство. Нема! Колку ние и да се бориме, и вода да пуштаме, и не знам што, темеретатурата е премногу висока…Прејаки се зраците, растението и под мрежа, го гори. Значи ставаме и заштитини мрежи, ама гори, не може да се заштити“, – вели Јулија Салилоска, земјоделка од Кавадарци.

   Во беспештедната битка со природата, Јулија раскажува дека како земјоделци доведени се во ситуцаија дури и меѓусебно да се расправаат, да се караат.

Реклама

 „ Јас мислам дека за некоја година ќе биде војна за храна и вода. Значи, немаме ни вода. Реките пресушуваат, бунарите пресушуваат, нема вода. Се бориме, можам да ви покажам снимки каде ние војна водиме таму за да наводнуваме, дали ти ќе вадиш или јас ќе вадам. Се бориме, се караме сите еден меѓу друг. Нема вода. Страшно е“, – посочува Салилоска.

   Милан Туманоски има 72 години и целиот свој живот е земјоделец. Меѓутоа, вели дека со вакво нешто досега не се соочил.

  „Од 500 корени, три гајбичиња вакви домат набрав. Ништо, а треба да наберам барем 100 кила…Ова не било, не го памтам јас, а работам може 60 години земјоделие, не сум ни прематар, ништо, личномое продавам се’. Имам морков сеано, не никнуваше, па косев трева, го покрив, да има влага за да никне. И тој пак не никна како што треба. Многу лошо е“, – ни рече Милан Туманоски, земјоделец од Прилеп.

  Оптимист не е ниту Ѓорѓи Кузманов од с. Дреново, кој над четири децении е земјоделец. „Треба поголема заштита на земјоделското производство, поголема финансиска помош од државата за поадекватни и посовремени инвестиции“, смета тој.

  „Вчера одам попладнето грозје да берам – сето сварено, не можеш да набереш. Еве и народ нема, со жештините ни народ нема, слабо…На пример сега треба грозјето да биде заштитетно, доматот не е заштитен, болестите си влијаат, многу високите темпертури и не можеш да произведеш. И затоа и цените се високи“, – објаснува Ѓорѓи Кузманов, земјоделец од с. Дреново.

  Според непосредните земјоделци, мерките за справување со последиците од климатските промени треба да станат национална стратегија како Македонија би го избегнала најцрното можно сценарио, односно да се соочиме со недостиг од храна.