Реклама
Македонија

Екстремно високите температури ја активираа сезоната на пожари, за среќа, засега – нема опасни жаришта

Сезоната на пожари, како резултат на екстремно високите температури, и за жал,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сезоната на пожари, како резултат на екстремно високите температури, и за жал, многу повеќе на човечкиот фактор, не ја одмина ниту државава. Иако, барем засега, нема опасни жаришта, македонските противпожарни единици се во постојана приправност. Во прилепскиот регион, само од почетокот на месецов се регистрирани 30 пожари на отворено, а  веќе две недели активен е пожарот во атарот на маривското село Бешиште каде гори уредена, кавалитетна мешана шума во крајно непристапен терен каде има и многу заостанти гранати.

  „Пожарот во Мариовско е блиску до месноста „Железна Врата“. Теренот е непристапен, а дополнителен проблем се и неексплодираните гранати кои ги има многу на тој простор. Таму интервениравме со одреден број пожарникари, и заедно со вработените од Шумското, успеавме да го обезбедивме просторот за да не се шири пожарот. Друг проблем е и што како Единица сме малубројни, вкупно само 43 пожарникари, па мораме да ги штедиме ресурсите со брзи реораганизации“, – вели Викотор Стојчески од ТППЕ во Прилеп.

  И општина Македонски Брод, каде минатото лето состојбата со пожарите беше исклучително критична, не остана поштедена од годинашните огнени стихии. Таму, вчера избувна пожар во стар магацин за хемиски супстанци во фабриката за муниција „Сувенир“ во Самоков, кој благодарение само на брзата интервенција на локалната ТППЕ, брзо е локализиран со што била избегната многу поголема катастрофа. Но, сега гори дегарадирана шума високо на планината Даутица.

Реклама

  „Пожарот во Самоков го гаснеа тројца пожарникари со едно противпожарно возило и за среќа, брзо беше изгаснат. Но, пожарникарите цела ноќ го обезбедуваа опожарениот објект, бидејќи имаше повремени искрења од жариштето. Денеска пак, пожар има високо на планината Даутица. Станува збор за крајно непристапен терен, каде огнот има зафатено деградирана шума на поголема површина и таму не може да се интервенира. ТППЕ од Македонски Брод брои само 12 пожарникари, кои се премалку, па планираме преку Оперативниот план на Владата за времено ангажирање на невработени лица,  да побараме дополнителен број на пожарникари“, – ни изјави за Алфа, градоначалникот Жарко Ристески.

  Инаку, според последните информации од ЦУК, денеска се активни три пожари на територијата од државава: во мариовско Бешиште, во месноста „Церо Поле“ во Македонски Брод и во Општина Чашка под „Солунска Глава“ во месностите „Изворите на Бабуна“ и „Бабина Дупка“.