Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Експертите ја поздравуваат владината мобилизација во делот на економијата

Меѓудржавните средби организирани на највисоко ниво, се одлична можност за развивање на економската соработка и продлабочување на бизнис конекциите. Затоа и последната организирана Б2Б средба на македонски и турски стопанственици, во присуство на највисоките функционери на двете земји, наидува на одобрување и пофални зборови. –Генерално добри се секогаш овие средби кога станува збор на екомоски […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓудржавните средби организирани на највисоко ниво, се одлична можност за развивање на економската соработка и продлабочување на бизнис конекциите. Затоа и последната организирана Б2Б средба на македонски и турски стопанственици, во присуство на највисоките функционери на двете земји, наидува на одобрување и пофални зборови.

Генерално добри се секогаш овие средби кога станува збор на екомоски план да се зајакне соработката со пријателски земји, кои многу инвестираат во Македонија, но фокусот не би требало да биде само на една земја, туку фокусот да биде на високоразвиени држави, кои имаат високо-технолошки развиени компании кои би инвестирале во Македонија – изјави аналитичарот Синиша Пекевски.

Пред настапот на Бизнис форумот во Истанбул, македонската влада организираше слични средби со функционерите и бизнисмените од Унгарија, Австрија и Хрватска. Пекевски смета дека тоа се мошне охрабрувачки потези за развојот на економијата, но вели и дека државата мора ревносно да се справи со корупцијата и криминалот, кои можат имаат мошне штетно влијание при обидите да се привлекуваат директни странски инвестиции.

Реклама

Логичен чекор е државата да си ја заврши домашната работа, а додека не ја заврши работата не можеме да бараме инвестиции. Се додека не ги решиме криминалот и корупцијата кои владеат во Македонија, особено во судскиот систем каде довербата е на нула, бидејќи прво нешто што бараат странските компании е стабилен економски систем, но и нула толеранција кон криминалот и корупцијата, вели Пекевски.

На форумот во Истанбул, македонската делегација беше предводена од премиерот Христијан Мицкоски, кој на Турција ѝ ја претстави македонската економија заедно за заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Во владината делегација беа присутни и заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, како и директорот на Технолошко-индустриските развојни зони Гоце Димовски

Покрај високи владини претставници, на форумот се присутни и бројни стопанственици и инвеститори од двете земји, а фокусот е ставен на продлабочувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена, привлекување на нови инвестиции, унапредување на инфраструктурното поврзување, енергетската соработка и развојот на заеднички проекти од стратешко значење.

Срѓан Ивановиќ