Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

„Еко Струга“: Откриени сомнителни фактури и финансиски злоупотреби од претходното раководство во претпријатието за паркинзи во Струга

Јавното претпријатие задолжено за паркинзите во Струга функционирало како приватна фирма на поранешното раководство, со сомнителни фактури, финансиски злоупотреби и хаос во работењето, велат од новото раководство на Ј.П “Еко Струга”. Од таму алармираат  дека затекнале претпријатие удавено во долгови, без никаква контрола и финансиска дисциплина. Дополнителна загриженост предизвикуваат и фактурите кои, според презентираните информации, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното претпријатие задолжено за паркинзите во Струга функционирало како приватна фирма на поранешното раководство, со сомнителни фактури, финансиски злоупотреби и хаос во работењето, велат од новото раководство на Ј.П “Еко Струга”. Од таму алармираат  дека затекнале претпријатие удавено во долгови, без никаква контрола и финансиска дисциплина. Дополнителна загриженост предизвикуваат и фактурите кои, според презентираните информации, се пронајдени во архивата на претпријатието, а говорат за непродуктивно трошење на народни пари.

 “Пронајдени се поголем број на сомнежи за финансиски злоупотреби, почнувајќи од ниско евидентирани приходи, непотребни трошоци, па се до сомнителни фактури. Што се однесува до сомнителните фактури, постојат многу случаи каде што со сретствата на претпријатието се купувале големи количини алкохолни пијалоци и други производи кои не одговараат на потребите на претпријатието или на вработените. Тие фактури се евидентирани и се архивирани со печат на јавното претпријатие.”-вели Абдулади Шазиманоски, директор на Ј.П.“Еко Струга”

Шазиманоски соопшти дека кога ја презел функцијата затекнал долг од над милион и пол денари. Најголем сомнеж предизвикуваат податоците за приходите во екот на туристичката сезона. Според новото раководство, во месец јули, кога Струга е преполна со туристи, иселеници и посетители, биле евидентирани приходи кои не соодветствуваат со реалната состојба на терен.

Реклама

“ Немаше систем и правилник,имаше вработени чии работни активности не се совпаѓаа со нивните решенија за вработување. Поголем дел од работните налози им биле давани усно без писмена документација. Со еден збор, јавното претпријатие “Еко Струга”  функционирало како приватна компанија на поранешно раководство. Сите овие и многу други прекршувања се утврдени пред надлежна контрола и ќе бидат доставени до надлежните органи. Исто така, ќе бараме и контрола од Државниот завод за ревизија”-вели Шазиманоски

Во меѓувреме, од претпријатието тврдат дека за само два месеци приходите се зголемени за 30 проценти во однос на истиот период лани, благодарение на засилени контроли и спречување на злоупотребите.