Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје одбележа шест години од формирањето

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на одбележувањето на шест…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на одбележувањето на шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. 

– Заедно со припадниците на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје одбележавме шест години од нејзиното формирање – шест години храброст, професионалност и посветена служба во заштита на граѓаните и јавниот ред. Интервентната полиција е меѓу клучните столбови на безбедноста на главниот град. Во изминатата година тие реализираа речиси 30.000 интервенции, а резултатите се јасни и мерливи, меѓу другото, значително е намален бројот на разбојништва. Ова не се бројки на хартија, туку конкретна безбедност на граѓанините, напиша министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Фејсбук.

Како министер за внатрешни работи, посочува Тошковски, јасно порачувам дека ќе продолжиме со силна поддршка, инвестиции во опрема, обука и човечки потенцијал, затоа што само силна, подготвена и мотивирана полиција може да гарантира сигурна иднина.

Реклама

– Им честитам на сите припадници на Единицата за интервентна полиција за нивната пожртвуваност и професионализам. Горд сум на нивната работа и на резултатите што секојдневно ги испорачуваат за безбедна Македонија, посочи Тошковски.