Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: Дивоградби пред општина Центар – градоначалникот Герасимовски молчи

На денешната прес конференција Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија посочи дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната прес конференција Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија посочи дека буквално пред кабинетот на градоначалникот, на само 30 метри од општината, се случува урбанистички криминал кој го гледаат сите жители на Центар, но за кој актуелниот Градоначалник и градежната
инспекција молчат, се наведува во ссопштението на ЗНАМ.

Портпаролот  на ЗНАМ, Никола Мемов рече дека пред очите на  јавноста се уништуваат дрвја, се узурпираат тротоари и јавни површини, а приватниот интерес повторно е ставен над интересот на граѓаните.

„Сведоци сме на узурпација на јавен простор, уништување на зеленило и изградба на дивоградби, токму пред очите на општината, без никаква транспарентност. Затоа јавно го повикуваме актуелниот градоначалник Горан Герасимовски:

Реклама

• Да ја објави целокупната документација поврзана со Хотел „Маџо“ – од барањето за градба и доградба на т.н. летна тераса, која всушност е ресторан, преку сите акти за пренамена во хотелско сместување, до неговите лични потписи на одобренијата за доградба.
• Да излезе пред ЦЕНТАРЦИ и да покаже документи и аргументи за тоа како е дозволено да се догради аголот од објектот во парцела 22.1 и да се изврши целосна реконструкција на соседниот објект (парцела 22.10), додека јавни површини се користат за градежни активности и зеленилото се
уништува“, рече портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов.

Тој додаде дека фактите зборуваат и ситуацијата на терен е кристално јасна. „Според ДУП „Дебар Маало 2“ – градежна парцела 22.1 предвидува дворно место, а денес таму гледаме узурпација за угостителски намени со цврста градба. На парцелата 22.10 се изведуваат работи како целосна
реконструкција – фасада, кров, внатрешност. Поставени се и надворешни скали, и тоа на тротоар, кој е јавна површина. За време на овие интервенции исечени се две дрва и оштетен е косник од бандерата“, потенцира Мемов и запраша:

„Дали општинската градежна инспекција воопшто постапила по овој случај? -Дали е извршен инспекциски надзор, и ако е – кои се заклучоците? -Дали е издаден налог за стопирање на градежните работи и за санкции, или пак, градежната инспекција при општина Центар свесно молчи и дозволува објектот да расте пред очите на јавноста?  Господине градоначалник, како е можно вакви интервенции да се одвиваат пред вашиот кабинет, а општината да молчи“.

Портпаролот на Движењето ЗНАМ рече дека сето ова е  доказ за соучесништво и за штитење на приватни интереси на сметка на јавниот простор. Мемоав наглси дека Центарци имаат право да ја знаат вистината и дека мора да се престане со молкот и со селективната правда.

„Доста е со политичка глума и манипулации. Горан Герасимовски, излези конечно пред граѓаните.

Дали ова е твоето ветување – јавен простор за приватни бизниси? Дали ова е твојата визија – Центар без зеленило, без воздух, без иднина? Ова е понижување за сите жители на Центар кои ти дадоа доверба, а години наназад добиваат бетон наместо парк, дивоградби наместо ред, корупција
наместо правда“, рече Мемов и додаде дека граѓаните не се слепи.

„Граѓаните ЗНААТ и Центар ЗНАЕ. На 19 октомври граѓаните ќе изберат човек кој навистина ќе работи во интерес на Центар, за граѓаните, за нивните соседи, семејства и за зачувување на јавните простори и зеленило“, потенцира портпаролот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија,
Никола Мемов на денешната прес конфернција.