Реклама

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Свет

Две недели војна на Блискиот Исток – САД дозволи купување руска нафта блокирана на море

Додека Израел бомбардираше, илјадници луѓе излегоа на плоштадот во Техеран на демонстрации…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека Израел бомбардираше, илјадници луѓе излегоа на плоштадот во Техеран на демонстрации по повод Денот на Ал Кудс, годишен меѓународен митинг во поддршка на Палестинците. Една жена загина во експлозија.

Во исто време, напад во северен Израел оштетил згради.

Во меѓувреме, Вашингтон потврди дека четворица од шест членови на екипажот загинале во падот на американскиот авион за полнење гориво кој се урна вчера во западен Ирак. Се работи за авион кој учествувал во операциите во Иран, но според Пентагон не бил мета на каков било проектил.

Реклама

„Војната е пекол. Војната е хаос и како што видовме вчера со трагичната несреќа на нашиот KC-130 авион танкер, лоши работи се случуваат. Секој од нив е американски херој. Нивната жртва само ќе ја зголеми нашата посветеност за исполнување на оваа мисија“, изјави Пит Хегсет, секретар за одбрана на САД.

Во Ирак нападната била воена база со беспилотни летала. Во нападот загинал еден француски војник, а неколкумина други се повредени. И во Турција сирени се огласија од рано утрото во воздухопловната база Инџирлик, која ја користи НАТО, во покраината Адана.

Амбасадорот на Иран во ОН, Али Бахреини, предупреди дека воените бази во Европа би можеле да станат легитимни цели.

„Секоја воена база што се користи за напад врз Иран, вклучително и оние на европско тло, би можела да стане легитимна цел во средината на војната на Блискиот Исток“, изјави Али Бахреини.

Американскиот претседател Доналд Трамп упати ново предупредување до Техеран.

„Внимавајте што ќе се случува со овие пореметени ѓубриња денеска“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Цената на нафтата повторно ја премина критичната граница од 100 долари за барел, Ормускиот теснец останува блокиран, а Вашингтон направи неочекуван политички пресврт, ублажувајќи ги санкциите кон Русија и дозволувајќи можност да се купува сурова руска нафта што е блокирана на море, со цел да се стабилизира глобалниот енергетски пазар.

Мартин Трајчевски