Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Македонија

Дванаесет години затвор за Стојанче Јовановски за семејно насилство и наведување на самоубиство

Основниот кривичен суд – Скопје го прогласи за виновен обвинетиот Стојанче Јовановски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот кривичен суд – Скопје го прогласи за виновен обвинетиот Стојанче Јовановски и му изрече максимална единствена казна затвор во траење од 12 години за трите кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство, кое резултира со трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка.

Судот го осуди Јовановски за три кривични дела, односно пет години затвор за телесна повреда, три години за загрозување на сигурноста и пет години затвор за наведување на самоубиство и помагање во самоубиство. Сите три дела се споени во вкупна максимална затворска казна од 12 години.

Според пресудата, на 2 март, во периодот од 11 до 12.20 часот, на повеќе локации, обвинетиот со умисла вршел семејно насилство и телесно ја повредил својата сопруга Ивана. Истиот ден, меѓу 12.45 и 13.35 часот, тој продолжил со насилството, сериозно ѝ се заканувал и ѝ предизвикал чувство на несигурност и страв. Овие закани биле упатени откога со патничко моторно возило „бмв“, управувано од сведокот Мартин Саздов, отишле до основното училиште „Песталоци“ за да ја земат нивната ќерка Катја по што се упатиле кон нивниот дом.

Реклама

Во судската постапка е утврдено дека во периодот од 2023 до 2026 година, на повеќе локации во Скопје, како и во нивниот дом, обвинетиот сурово и нечовечно постапувал кон оштетената, која се наоѓала во материјална зависност од него.

Ваквото континуирано насилство кај оштетената предизвикало тешка психичка вознемиреност и чувство на безизлезност. Како директна последица на тоа, таа извршила самоубиство скокајќи од терасата заедно со нивната шестгодишна ќерка.