Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Дурмиши: Просечната потрошувачка кошничка што ја изработи Владата е за 13 проценти поевтина од онаа на ССМ

Просечната потрошувачка кошничка што ја изработи Владата е за 13 проценти поевтина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просечната потрошувачка кошничка што ја изработи Владата е за 13 проценти поевтина од потрошувачката кошничка што ја изработува Сојузот на синдикатите, тврди министерот за економија, Бесар Дурмиши. 

Во потрошувачката кошничка изработена од Владата, како што изјави денеска Дурмиши, опфатени се 101 производ и таа е реална, односно ги отсликува минималните трошоци на едно семејство. 

– Речиси 13 проценти оваа потрошувачка кошничка е поевтина од онаа што ја објавува ССМ. Нивната не е минимална кошничка – имаат ставено производи што во временски период не се трошат, имаат ставено ставка за кирија, а според пописот, 90 проценти од населението има сопствен дом. Нивната кошничка не е реална, туку направена од тројца професори, кои самите кажуваат дека тоа не е минимална кошничка – рече Дурмиши одговарајќи на новинарско прашање по седницата на Економско-социјалниот совет.

Реклама

Кошничката изработена од Владата денеска беше презентирана пред ЕСС, но за неа имало одредени забелешки, од, како што рече Дурмиши, технички карактер, но имало и предлози што ќе се разгледаат и на следната сендица на ЕСС, која се планира да се одржи до крајот на месецот, повторно ќе биде разгледана. Доколку биде прифатена, според Дурмиши, ќе почне да се применува од крајот на овој месец. 

Дурмиши го презентира и зголемувањето на минималната плата, која законски од март ќе се зголеми за 1.667 денари или во април работниците ќе земат минимална плата од 26.046 денари во нето-износ. 

Со ваквото законско усогласување, како што рече Дурмиши, се согласиле сите присутни синдикати, освен Сојузот на синдикатите на Македонија, чии претставници ја напуштија седницата. 

– Ова законско усогласување е донесено претходно кога биле усогласени сите синдикати. Сите други се согласија со ова известување. Според законот, должни сме да го објавиме – рече Дурмиши.