Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Економија

Дурмиши: Компаниите да ја искористат поддршката за инвестиции, да аплицираат до 15 јуни

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ги повика компаниите кои реализирале инвестиции и ги исполнуваат законските услови, да ја искористат можноста за државна поддршка и навреме да аплицираат. Крајниот рок за поднесување на барањата, потсети, е 15 јуни. -Законот за финансиска поддршка на инвестиции е една од најзначајните алатки преку кои државата ги […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ги повика компаниите кои реализирале инвестиции и ги исполнуваат законските услови, да ја искористат можноста за државна поддршка и навреме да аплицираат.

Крајниот рок за поднесување на барањата, потсети, е 15 јуни.

-Законот за финансиска поддршка на инвестиции е една од најзначајните алатки преку кои државата ги поддржува компаниите што инвестираат, отвораат нови работни места и ја зголемуваат својата конкурентност. Ги повикувам сите компании кои имаат реализирано инвестиции и ги исполнуваат условите да аплицираат најдоцна до 15 јуни и да ја искористат поддршката што им стои на располагање. Особено ме радува што компании од Општина Чаир, како ONE Cable, Pikasa, Koral Group и MSA Company и во претходните години успешно ги користеле мерките од Законот и преку нови инвестиции придонеле за развој на локалната и националната економија, изјави Дурмиши по посетата на овие фирми.

Реклама

Со Законот се обезбедува директна финансиска поддршка за компании кои реализираат инвестиции од најмалку 100.000 евра, инвестираат во нови производствени капацитети, нова опрема и технологии, отвораат нови работни места и вложуваат во истражување и развој.

Мерките предвидуваат поддршка за нови вработувања во висина до 20 проценти од исплатената нето-плата, односно до 4.400 евра годишно по вработен, поддршка за капитални инвестиции до 10 проценти од оправданите инвестициски трошоци, но не повеќе од еден милион евра годишно, како и поддршка за истражување и развој во висина до 50 проценти од оправданите трошоци, со максимален износ до еден милион евра.

Законот исто така предвидува посебна поддршка за инвестициски проекти од значаен економски интерес, за компании кои бележат пораст на приходите и конкурентноста на пазарот, како и за проекти кои придонесуваат за технолошки развој и отворање квалитетни работни места.

-Министерството за економија и труд останува посветен партнер на бизнис-заедницата и ќе продолжи да спроведува политики кои поттикнуваат инвестиции, иновации, продуктивност и одржлив економски раст, рече Дурмиши.