Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Достоинствената институционална грижа за старите лица, еден од врвните приоритети на прилепската локална власт

Брзото менување на демографските состојби во државава со се’ повеќе стари лица,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брзото менување на демографските состојби во државава со се’ повеќе стари лица, кои често се сами и изнемоштени, го вклучи црвениот аларм и во Прилеп. Единствениот Дом за стари лица во општината, а кој згрижува граѓани од цела Македонија, со својот капацитет од 150 места, станува претесен. Листите на чекање и овде се евидентни, па локалните власти – достоинствената институционална грижа за највозрасните, ја ставија високо на приоритената листа.

 „Веќе во завршна фаза е и ќе се отвори Центарот за активно стареење во МЗ „Рид“ и.т.н. Значи, целосна посветеност на ЛС во подобрувањето на квалитетот на живот на луѓето во третата доба….Во фаза сме на креирање на буџетот за 2026 година, а сме и во преговори со Министерството за социјална политка, демографија и млади да го подобриме буџетот кој што стигнува, затоа што е заедничка надележност…и се’ што може да се искористи од општествено-одговорните компании и за зголемување на капацитетот на Домот за стари лица, но и да се подобрат условите“, – изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

   Напорите за што похумани услови во Домот, делумно веќе се и реално видливи. Само во оваа година, преку инвестиција од 3.100.000 денари во современа опрема, значително се подобрени условите за работа на вработените, а особено условите за живот на штитениците, со цел тука сите да се чувствуваат достоинствено, почитувано и безбедно.

Реклама

  „Сакам да најавам дека во завршна фаза е системот за ПП-заштита во Домот, проект кој чини околу 2 милиони денари и кои средства се обезбедени од буџетот на Домот. Со ова, дополнително се подигнува безбедноста на корисниците на повисоко ниво“ – рече Благојче Стојаноски, директор на Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп.

  Старскиот дом во Прилеп, за првпат како уснаова, е основан уште во далечна 1956 година, а додека на сегашната локација функционира од 1977 година. Сега, од ЛС освен што најавуваат негова надградба со цел зголемување на капацитетот, велат дека се размислува и за обезбедување на нови локации за отворање и на приватни домови за старите и болни лица.