Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Прилози

Доста е принципот „За едни мајка, за други маќеа“ – правната фела апелира да се сузбие селективноста во работењето на Обвинителството.

Обвинителството да престане со селективноста и конечно да почне ажурно да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството да престане со селективноста и конечно да почне ажурно да ги гони сите кои се огрешени пред правдата. По апелот на премиерот Мицкоски и правната фела коментира дека јавноста повеќе не смее да биде сведок на апсурди во коио обвинителството за едни е мајка а други маќеа…Адвокатите Сашко Дуковски и Јанаки Митровски сметаат дека легитимно е, не само премиерот туку и граѓаните да очекуваат од обвинителството да покаже активна борба со високата корупција.

Сметам дека Обвинителството треба да се однесува исто против секое лице кое покренува постапка, поголемем проблем од пасивноста е селективноста во постапувањето. За некои е мајка, за други маќеа. Да запираш постапки, а други да гониш со години за тривијални работи, вели Дуковски.

Сите очекуваме посериозна борба со високaта корупција, за обични смртници одлично си ја работат работата, но за капиталци не е така, тие одлично пливаат во системот, вели Митровски.

Реклама

Критиките на опозицијата и дел од јавноста дека премиерот недозволено се мешал во работата на обвинителството според Дуковски е став на дежурни критизери на власта, кои критикуваат само кога се во опозиција. Според него, легитимно право е премиерот да бара институциите ажурно да си ја вршат работата.

„Нив секогаш им смета кога се во опозиција. Зошто прмиерот не смеел да повикува на ажурност? Има легитимно право како прв човек на владата и како граѓанин има право да повикува на поажурно постапување“, вели Дуковси.

Адвокатот Митровски вели дека народот е навикнат на политички влијанија врз судството и тоа е причината за негативните коментари. Но, тој е убеден дека премиерот има информации за чување на предмети во фиоки, кои не се однесуваат за обичните смртници.

Легитимно е да се очекува поажурна работа на институциите, но не е легитимно да се создава чувство дека ќе се отвораат истраги, бидејќи тоа може да имплицира притисок и мешање во судската власт. Сите очекуваме посериозна борба со високата корупција, додека за обични случаи системот функционира одлично, но кај „капиталците“ често се создава впечаток дека полесно „пливаат“ низ системот. За едни се бара куќен притвор, за други – обични смртници – тоа речиси никогаш не се случува. Легитимно е извршната власт да очекува институциите да си ја вршат работата, како и да обезбеди услови за нивно функционирање, со оглед дека често се соочуваат со недостиг на кадар и ресурси, вели Митровски.

И адвокатот Димитар Дангов е на иста линија. И тој вели дека премиерот има легитимно право да го повикува обвинителството да си ја работи работата.

Неговата порака, упатува на легитимен повик за вршење на надлежноста од страна на обвинителството која е востановена, токму за заштита и одржување на законитоста на правниот поредок, вели адвокат Димитар Дангов.

Правниците се прецизни. Тенка е линијата меѓу легитимното барање за поажурно и поефикасно работење на обвинителството и евентуалниот притисок или мешање на извршната власт врз независноста на правосудните институции.Според нив и ова е една од причините за различното толкување на пораката за Обвинителството.