Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Прилози

Досега откупени 1.700.000 килограми тутун кој е проценет најмногу во прва класа

Поволните временски услови за манипулација на тутунот пред предавањето на откупувачите, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поволните временски услови за манипулација на тутунот пред предавањето на откупувачите, но и производниот квалитет, ја забрзуваат динамиката на откупниот процес. За само дваесетина дена од почетокот на раниот откуп, отупени се 1.700.000 килограми тутун, главно во прва класа и по веќе нивелирани откупна цена кај сите отѕкупувачи од 420 денари за килограм тутун. Ресорниот министер Трипуновски кој денеска беше во обиколка на повеќе откупни пунктови во прилепско, вели дека очекува солидна и реалана откупна кампања до самиот крај на 28 февруари.

   „Од пријавените 320 пунктови ширум државата, отворени се 207 заклучно со вчерашниот ден. Од компаниите кои што се во Регистарот за откуп на тутун, само една компанија нема отпочнато со откуп и таа ќе почне веќе на почетокот од идната недела. Согласно информациите и од Сојузот, и од Инспекторатот, досегашниот тек на откупот е во една добра, релаксирана атмосфера и процената на тутунот е согласно очекувањата и квалитетот кој што го имаме“, – изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

  „Инспекторатот е активно вклучен во овој процес на откуп на тутун, мобилизирани се сите инспектори, направени се неколку тимови кои што ја покриваат цела територија на РМ каде што имаме отворено пунктови. Процесот е во нормален тек на откуп и сметаме дека и оваа година ќе се заврши успешно како и претходната“, – посочи Васе Анакиев – директор на Инспекторатот за земјоделство.

Реклама

  И тутунопроизводителите главно се задоволни од стартниот откуп на тутунот, иако и понатаму не се откажуваат од барањето за повисоки откупни цени.

   „Годинава многу малку извадовме, само 625 кила затоа што беше сушна годината. Тутунот беше навистина добар и квалитетен. Супер, добро ни се плати..Тутунот ни помина сиот „кец“, по 420 ден/кг отприлика. Треба дас биде поткачена, едно 10 евра да биде“, – рече Роза Колеска, тутунопроизводителка.

 Тутунскиот комбинат кој прв ги отвори откупните пунктови, досега откупил над 600 тони тутун што е една четвртина од предвидените вкупни количини за откуп оваа година. Според директорот Александар Алексоски, речиси целиот тутун е доста квалитетен и е откупен во прва класа, а исплатата се врши без застој, односно секој вторник и петок.