Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Донев: ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува историска победа на претстојните локални избори

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев, зборуваше на повеќе теми од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев, зборуваше на повеќе теми од кои и за локалните избори, за тоа колку градоначалници веќе се избрани од страна на партијата и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш го исполнува ветеното и отчетно го презентира на јавноста.

„Ние сме чекор напред по однос на изборот за кандидати за градоначалници, повеќе од пола година вршевме теренски анкети и анкети на целокупното јавно мислење на граѓаните, како и анкети внатрепартиски по однос на поддршката за идни градоначалници на локалните избори. Веќе имаме 25 кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ е партија која она што го ветила го реализира и отчетно го презентира пред граѓаните, после изборот на сите градоначалници ќе пристапиме кон отчетност за сработеното на сите градоначалници изминативе 4 години, иако сум цврсто убеден дека над 90 проценти од програмите коишто ги ветија актуелните градоначалници веќе се исполнети “, рече Донев.

Пратеникот во емисијата истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува историска победа на локалните избори, а во однос околу изборот за кандидатот за градоначалник на градот Скопје дека ќе биде избран најдобриот.

Реклама

„Околу кандидатот за Скопје сметам дека нигде нема “жежок костен“, затоа што сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе издвои историска победа на претстојните локални избори. Не можам да споменувам имиња, затоа што повеќе имиња се во тек и оној кој што ќе биде најдобар и на мерењата и на она што го има како проект и програма, за во идниот период, ќе биде избран од страна на партијата“, вели Донев.