Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Доналд Трамп пристигна на економскиот форум во Давос, дел од европските лидери си заминаа

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна на економскиот форум во Давос. Веднаш по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна на економскиот форум во Давос. Веднаш по неговото слетување, францускиот претседател Емануел Макрон одлета од Швајцарија, најавувајќи дека нема да присуствува на форумот поради доаѓањето на Трамп.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и германскиот канцелар Фридрих Мерц, исто така, нема да се сретнат со американскиот лидер. Од кабинетот на фон дер Лајен соопштија дека таа заминува за Брисел на состаноци за подготовка на Европскиот совет, додека Мерц ја образложи својата одлука со доцнењето на Трамп.

Според најавите, Доналд Трамп ќе се сретне со бизнис лидери и потоа ќе настапи на форумот. Тој дојде со агенда за разговори околу Гренланд и најави нови информации за следните чекори на САД во врска со островот.

Реклама

Покрај европските лидери, на форумот нема да присуствува ниту украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој одлучи да остане дома поради руските напади врз Украина, сметајќи дека неговото присуство е поважно во Украина отколку во Давос. Претходно имаше најава за средба помеѓу Трамп и Зеленски, на која требаше да се разговара за американската поддршка за Украина во конфликтот со Русија.

Пред два дена, во Давос, фон дер Лајен ја претстави новата политика на Европската унија за слободна трговија со Латинска Америка. Канцеларот Мерц, пак, изрази несогласување со плановите на Трамп за преземање на Гренланд, критикувајќи ги неговите мерки за воведување царини кон земјите кои ја поддржуваат Данска за зачувување на автономијата на островот.

Пред заминувањето за Давос, Трамп одржа брифинг за американските медиуми, на кој најави дека ќе се залага за преземање на Гренланд и ќе води разговори за други теми од интерес на американските граѓани. Тој потврди дека нема да отстапи од воведувањето царини на Данска, Франција, Германија, Британија и други земји кои ја поддржуваат Данска. Особено го разочара односот на Британија, која ја поддржува скандинавската земја во зачувувањето на нејзиниот територијален интегритет.