Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

🎥 Донација за прилепските градинки – прочистувачи за воздух обезбедени од хумани фирми и граѓани

       Двете најголеми приепски детски градини, „Вишне“ и „Бончејца“, добија донација од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       Двете најголеми приепски детски градини, „Вишне“ и „Бончејца“, добија донација од 21 прочистувач на воздух. Донацијата во вредност од околу 8.500 евра е обезбедена од десетина правни и физички лица преку Ротари клубот од Прилеп, чиј претседател е Орде Ѓорѓиоски, инаку директор за општи и правни работи во „Витаминка“.

   „СЗО во 2024 година констатирала дека во Македонија за двојно повеќе се надминуваат конентрациите на суспендирани честици во внатрешноста во градинките и училиштата..Овој факт многу не’ загрижи. А и УНИЦЕФ нашол дека 11, 2 проценти од вкупниот број смртни случаина деца под една година во Македонија се должи буквално на загадениот воздух“, – изјави Орде Ѓорѓиоски, претседател на Ротари клуб – Прилеп.

   Во наредниот период вакви озонери ќе бидат набавени и за другите детски градинки. Оваа иницијатива е поддржана и од ЛС Прилеп, како и од градоначалникот, Борче Јовчески, според кого чистиот воздух за децата е најголемиот приоритет на целокупната заедница.