Реклама

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Македонија

ДОМ на лидерска средба со Европските Зелени

Зелената агенда и понатаму останува најсилниот и најрелевантен одговор на глобалните предизвици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зелената агенда и понатаму останува најсилниот и најрелевантен одговор на глобалните предизвици во сегашниот геополитички и безбедносен контекст за цела Европа, а особено за земјите од Западен Балкан. Ова беше главната порака што ја истакна ДОМ на Состанокот на лидерите на зелените партии од Европа, претсавуван од ко-претседателката, Ана Угринска, кој се одржа во Брисел на 8 мај (петок), се вели во соопштението од ДОМ.

Во рамките на состанокот таа оствари и повеќе средби на кои дополнително беа потврдени и зајакнати позициите на зелените партии во насока на зачувување на зелените вредности, со посебен акцент на почитувањето на демократските принципи, меѓународното право и безбедноста. Притоа беше истакнато дека европската интеграција на земјите од Западен Балкан претставува важно прашање за стабилноста, безбедноста и демократската отпорност на Европа, како и дека е потребна поефикасна и пообединета Европска Унија, ослободена од блокади и злоупотреби на правото на вето во процесите поврзани со европската интеграција и заедничките стратешки политики. „Интеграциските процеси се од исклучителна важност не само за Македонија и земјите од Западен Балкан туку и за цела Европа и во таа насока сега е вистинскиот момент за укинување на ветото како блокирички механизам и на тој начин да се зајакне европската соработка во областа на дипломатијата и безбедноста – потенцираше Угринска.

Како полноправна членка на Европската зелена партија, ДОМ ќе продолжи активно да учествува во сите процеси кои придонесуваат за демократија, безбедност и владеење на правото. Само на тој начин директно се практикуваат заложбите кои даваат вистински придонес кон евро-интеграциските процеси на нашата земја.