Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

До крајот на годината – повторно гласање во четири општини

До крајот на годината повторно ќе има гласање во четирите општини каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на годината повторно ќе има гласање во четирите општини каде што локалните избори пропаднаа поради недоволен цензус. Од моментот кога Државната изборна комисија ќе ги потврди конечните резултати, ќе почне да тече рокот од 60 дена за распишување нови избори.

Собранискиот спикер Африм Гаши постизборно на брифинг со медиумите. Потврди дека во тек се консултации со ДИК за ова прашање, бидејќи, како што појасни Гаши, постојат одредени нејаснотии околу процедурите. Собранискиот спикер најави дека мандатот на актуелниот состав на ДИК истекува на 15 јануари 2026та и дека се преземаат сите чекори за изборниот процес во овие општини да може непречено да се реализира. Паралелно со изборните подготовки, Собранието влегува во нова, интензивна законодавна фаза. Според најавите, Предлог-буџетот за 2026 година ќе се најде на пленарна седница на 9 декември, а рокот за поднесување амандмани е до 10 ноември. Гаши информира дека на 11 или 18 ноември ќе се одржи редовната седница за пратенички прашања, каде што опозицијата ќе може да поставува прашања до Владата.

Во фокусот на координациите е и Изборниот законик — тема околу која власта и опозицијата покажуваат ретка согласност. На денешниот собраниски брифинг, сите координатори на пратеничките групи изразиле подготвеност да седнат и консензусно да ги донесат измените во Изборниот законик. Гаши потенцираше дека, доколку од Владата стигне предлог за нов изборен законик, Собранието ќе го стави во процедура без одлагање.

Реклама

Меѓу актуелните теми е и Законот за локална самоуправа, за кој Гаши порача дека неговото донесување целосно зависи од политичката волја на пратеничките групи. Доколку има согласност, законот веднаш ќе биде ставен во собраниска процедура.

Засега нема најава на отворање на Уставот по ниту едно прашање, потенцира Гаши одговарајќи на новинарско прашање околу мислењето на Венецијанската комисија дека потребни се уставни измени за поголема независност на Јавното обвинителство.

Спикерот потврди и дека до Собранието сè уште не е пристигната најавената резолуција за црвените линии од лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Годината ќе ја одбележи натрупана агенда — од буџетот и изборниот законик, до подготовките за повторно гласање во четири општини. Според најавите, Собранието планира до јуни целосно уредување на својот двор со електронска рампа и нов паркинг систем, додека политичките разговори околу изборните и уставните теми ќе продолжат со цел да се осигура стабилен институционален тек.