Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ДКСК ќе постапува по приговорот на Силјановска Давкова за кршење на изборни правила

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе одржи седница на која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе одржи седница на која ќе постапува по приговорот на Гордана Силјановска Давкова, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а кој се однесува за кршење на изборните правила.

Според приговорот на Силјановска Давкова, доставен на 6 април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

Во образложението на приговорот пишува дека Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) на 23 јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година АСЈО го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест што би се спроведувал во периодот од 1 април до 5 мај годинава.

Реклама

Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска Давкова.