Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), констатирала дека 35 поранешни и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), констатирала дека 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја испочитувале законската обврска за пријавување имотната состојба. 

Од ДКСК појаснуваат дека согласно со член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси сите избрани градоначалници на Локалните избори 2025 година имаат обврска, најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, да поднесат изјава за имотна состојба и интереси. Исто така, согласно со член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, истите имаат обврска да поднесат изјава за имотна состојба.

– ДКСК изврши проверка во регистерот на имотна состојба и интереси и ја констатира следната состојба: 35 лица по престанок на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси и 19 лица по изборот на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси,  за кои ќе иницира постапки согласно закон, со издавање прекршочен платен налог, се наведува во соопштението.

Реклама

ДКСК најаува ќе ја следи состојбата и за сите наведени лица, кои и понатаму нема да ја исполнат законската обврска за доставување изјави, ќе иницира постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси.