Реклама

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Македонија

Директорот на АХВ, Миланов, поднесе оставка, на негово место назначен Јовица Андовски

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, вчера поднесе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, вчера поднесе оставка – информира Социјалистичката партија (СПМ) на својот фејсбук-профил. На негово место, како што наведува, е назначен Јовица Андовски, досегашен заменик-министер за здравство од СПМ.

Партијата им се заблагодари на двајцата за досегашниот ангажман.

– Благодарност до другарот Оливер Миланов за неговото успешно раководење со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија во интерес на сите граѓани, како и за достојното претставување на СПМ на чело на оваа исклучително значајна институција. Неговиот вложен труд и несебичен ангажман, високо оценети во СПМ и во јавноста, претставуваат негов личен залог за идно извршување одговорни и високи должности во ресорот на извршно ниво. Честитки и за другарот Јовица Андовски, доскорешниот заменик-министер за здравство, за неговото именување за директор на АХВ на РМ. Со својата одговорност, сериозност и посветеност кон Социјалистичката партија на Македонија, Јовица Андовски претставува пример за приврзан и чесен партиски член, чие знаење, професионалност, трудољубивост и стекната доверба во него се препознаени од партиското и државното раководство – пишува во објавата на СПМ.

Реклама

Миланов ја презеде функцијата директор на АХВ на 4 јули 2024 година од неговиот претходник Николче Бабовски.