Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Директорот на Агенцијата за филм избегна да одговори за обвинувањата за криминал

Директорот на Агенцијата за филм ги избегнува новинарите и медиумите, и не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Агенцијата за филм ги избегнува новинарите и медиумите, и не одговори на низата обвинувања за криминал во Агенцијата кои му ги упатија бројни филмски работници изминатиот период. Денеска се чувствувал убаво да зборува на темата за која свика пресконференција. За обвинувањата за криминал во институцијата што тој ја води, платен со народни пари, не му се зборуваше.

  • Не сакам да ви одговорам на вашите прашања, рече Бојан Лазаревски, директорот на Агенцијата за филм.

Скандалозен однос на Бојан Лазаревски кон новинарите а со тоа и кон јавноста. Директорот на Агенцијата за филм не сака да одоговара на прашањата и да коментира за бројните скандали кои ја следат институцијата со која раководи.

Низа филмски работници подолго време алармираат дека во Агенцијата владее вистински хаос, но првиот човек денеска сакаше да зборува, за како што рече, убави работи а тоа било промоцијата на новиот документарен филм „Патување пеш“ на режисерката Тамара Котевска.

Реклама

Лазаревски не одговри на обвинувањата на режисерот Милчо Манчевски дека Агенцијата е претворена во дувло на криминал и неспособност, ниту на алармот од режисерот Јани Бојаџи дека се финансираат проекти само на уметници подобни за власта.

  • Државниот завод за ревизија, Антикорупциска, Транспаренси сите реагираа. И има пријави за мобинг од директорот. Антикорупциската комисија откри судир на интереси и незаконско работење во Агенцијата пред три години, а сега повторно го испитува работењето на нејзиното раководство. Државниот завод за ревизија изрази негативно мислење и наведе причини за покренување кривични постапки. Комисијата за заштита на конкуренција го разгледува случајот на незаконско давање државни пари на приватно здружение. Транспаренси интернешнл на два пати годинава заклучи дека во Агенцијата не се работи незаконски. Власта, застана зад ова незаконско работење и прашува каде заминале државните пари, кога годинава не е снимена ниту една минута домашна продукција“, вели меѓу другото за Алфа, режисерот Милчо Манчевски.
  • Седум години нашите проекти се одбивани и отфрлени со јасна и недвосмислена цел – уништување на нашите кариери, уништување на нас како творци, а на крајот и наше уништување како луѓе, затоа што уметникот и творецот не постои, ако не постои и неговото творештво, вели сценаристот и режисер Јани Бојаџи.

Повеќе државни институции и невладини организации предупредија дека во Агенцијата за филм има низа нерегуларности. Апсурдот да е поголем, директорот на Агенцијата, е назначен на функцијата иако нема никаква врска со филм, и доаѓа со претходно искуство од банкарскиот сектор.

Борис Грујоски