Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Димовски: Неоперативните зони ќе се трансформираат во индустриски, на новата стратегија за странски инвестиции се работи од 2025 година

Неоперативните зони како оние во Делчево, Берово и Виница, ќе се трансформираат во индустриски, за да бидат ставени во функција, а ќе им бидат понудени и на домашните компании за да го прошират своето производство, рече денеска директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски. Како што истакна Димовски, одговорајќи на новинарски прашања, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неоперативните зони како оние во Делчево, Берово и Виница, ќе се трансформираат во индустриски, за да бидат ставени во функција, а ќе им бидат понудени и на домашните компании за да го прошират своето производство, рече денеска директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски.

Како што истакна Димовски, одговорајќи на новинарски прашања, во струшката технолошко-развојна зона моментно се оперативни две компании кои рабнотат активно и вработуваат сериозен број лица, но интенцијата на Владата е да се донесе уште некој инвеститор кој би отворил бизниси во тој регион.

Директорот информира и дека од 2025 година се работи на нова стратегија за привлекување странски инвестиции со важност 2027 – 2037 година – документ во кој ќе бидат опфатени  сите аспекти и цели на државата во однос на ова прашање, вклучувајќи ја и диверзификацијата на инвестициите.

Реклама

-Согласно законот, се знае кои дејности може да бидат активни во зоните. Неоперативните зони, како Делчево, Берово, Виница и уште неколку, ќе се трансформираат во индустриски кои би ги ставиле во функција, зашто ТИРЗ-овите имаат одредена рамка на дејност и бизниси, а индустриските можат да имаат секаков вид дејности – и услуги и секаков вид производство. Ќе ги понудиме и на домашните компании за да го прошират своето производство. Овие зони се изградени одамна, пред 10 – 15 години и таа демографија од тогаш веќе не постои. Целта е како да ги ставиме во функција и да му помогнеме на домашниот бизнис да добие урбанизирано земјиште, со соодветна инфрастурктура, а со тоа да го зголеми локалниот економски развој и целиот развој во државата, наомена Димовски.

Во однос на стратегијата, потенцира дека постојната била заклучно со 2017 година и од тогаш до 2024-та нема никаков документ.