Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Економија

Димитриеска-Кочоска за најавениот кредит од 300 милиони евра: Течат преговорите со банките, се чекаат понудите, избрана ќе биде најдобрата и најсоодветна за буџетот

– Синдициран заем, што го одобрува поголема група банки, најверојатно ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Синдициран заем, што го одобрува поголема група банки, најверојатно ќе биде кредитот од 300 милиони евра што го најави Владата. Како што рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, веќе се во тек преговорите со банките и се чекаат понудите, а ќе биде земено она што најмногу ќе одговора и што ќе биде најсоодветно за буџетот. 

Димитриеска-Кочоска е децидна дека во буџетот за 2026 година беше јасно предвидено колкаво ќе биде задолжувањето во странство, а и Министерството за финансии, како што напомена, од самиот почеток е транспарентно.

– И премиерот многу често повторува колкави се долговите што треба да се вратат годинава. Ако треба да вратиме две милијарди, не може да очекуваме дека со една милијарда што издадовме обврзница, ќе ги вратиме. Од почеток беа предвидени 300 милиони евра да се обезбедат преку кредитирање. Веќе сме во преговори со банките, чекаме да видиме конечно кои понуди ќе ги добиеме зашто имаше разни рочности и разни каматни стапки. Она што ќе одговора и што ќе биде најсоодветно за буџетот, тоа и ќе биде земено. Според информациите што ги имам, станува збор повторно за кредит што ќе ни даде поволни услови и од аспект на рочноста и од аспект на каматната стапка. Мислам дека ќе биде повеќе синдициран заем, ретко може да биде кредит само од една банка – истакна министерката на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање.