Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Проекциите за стапките на економски раст и буџетски дефицит нема да претрпат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проекциите за стапките на економски раст и буџетски дефицит нема да претрпат промени до крајот на годината. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска од Њујорк вели дека се следат состојбите на глобално ниво, но дека се уште се размислува дали буџетот ќе претрпи ребаланс. Посочува дека и ако дојде до тоа, ќе се кратат и приходите и расходите и промени во дефицитот и задолжувањето ќе нема. Планот е Македонија да биде меѓу земјите со највисок економски раст во регионот, бидејќи охрабрува податокот за стапка на пораст од 4,3% во вториот квартал.

„И во однос на буџетскиот дефицит тоа што ни е проектирано, тоа ќе остане, без оглед на тоа дали ние ќе правиме ребаланс или нема да правиме ребаланс. Доколку се одлучиме и правиме ребаланс на буџетот во истовреме ќе работиме на кратење и на приходна и на расходна страна. Доколку останеме на истата состојба како сега повторно кажувам дека дефицитот нема да оди надвор од предвидено, во истовреме и задолжувањето бидејќи и тоа е дел од Ребалансот, којшто поминал во Собрание и тоа да кажеме се некои рамки во коишто Министерството за финансии мора да се движи“, истакна министерката за финансии. 

Буџетот засега се полни согласно планираното. Димитриеска Кочоска вели дека охрабруваат податоците од УЈП и Царинската управа. Намалување очекувано, имало во делот на акцизите, бидејќи кај нив Владата интервенираше со мерки за да го заштити стандардот на граѓаните. Очекувањата се минусот кај акцизите да биде речиси 49 милиони евра. Следните реакции вели ќе зависат исклучиво од случувањата на глобално ниво.

Реклама

„Она што е очигледно дека најмногу имаме влијание кај акцизата и таму се и мерките најголем период фокусирани, но од друга страна може да потвдиме дека Македонија е една од земјите коишто навистина има највисока стапка на раст и најстабилна и една од пониските инфалции, што јасно покажува дека мерките биле навистина насочени таму каде што треба. Ние треба да се фокусираме на долгорочен раст кој се заснова на продуктивност. За да имате добра продуктивност во исто време треба да имате што е можно поевтини параметри или суровини. На некој начин и енергетските суровини се тие што треба да одржат пониски цени за да имаме поголема конкуретност“ – вели Димитриеска Кочоска.

Министерката за финансии во Њујорк учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“ на Светскиот економски форум. Креаторите на економските политики дебатираа за предизвиците со кои се соочуваат Владите како да креираат раст во нестабилни времиња и постојани кризи. Димитриеска Кочоска учествуваше и на самитот „Конкордија“ во Њујорк на сесијата посветена на женското лидерство и претприемништво.