Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Инвестиции во сектори со повисока продуктивност кои носат поголема додадена вредност. Ова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестиции во сектори со повисока продуктивност кои носат поголема додадена вредност. Ова е економската визија за идниот развој на Македонија. По бројните средби во Њујорк, министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска вели дека иако странските инвестиции во автомобилската индустрија придонесоа кон растот и извозот, сепак производството треба да се диверзифицира за да се намалат економските ризици при континуирани кризи.

„Од минатото се уште имаме компании во Македонија кои што работат најмногу во производство на делови за автомобилската индустрија. Тоа треба полека да го менуваме, не во насока на тоа дека сега треба да ги намалуваме фабриките или да кажеме дека не ни се важни, тие ни се важни. Но, треба полека да се отвараат и друг тип на дејности кои што ќе го диверсификуваат на некој начин ризикот и во истото време ќе додадат дополнителна вредност за економијата“ – вели министерката за финансии.

Новата високо продуктивна економија треба да се базира на информатичка технологија, со изградба на дата центри и на енергетски капацитети. И Македонија е дел од ваквите планови. Во таа насока, Димитриеска – Кочоска вели дека паралелно на тоа се работи на гасно поврзување со Србија и Грција, како и на нови енергетски капацитети за производство на струја.

Реклама

„Дефинитивно, иднината е во дата центрите и мислам дека и ние треба натаму да ја насочуваме целокупната економија во отварање на тие центри. Секако дека се потребни и капацитети за производство на струја, но јас верувам дека премиерот, имајќи предвид дека тоа е во суштина тоа што тој најуспешно го знае и го владее, точно ќе знае што е потребно на Македонија од аспект на производство на струја. Инвестициите во енергетиката ќе го надополнат недостигот што нас ни фали за дата центри, а мене пак како министер за финансии, исклучително ми е важно затоа што сето тоа ќе влијае позитивно на БДП, кој треба да расте во иднина“ – вели Димитриеска-Кочоска.

Во најголемиот ек на глобалната нафтена криза, Македонија остварува меѓу највисоките стапки на економски раст. Министерката за финансии потенцира дека земјава има пораст од над 3% во последниве 10 квартали и 4,3% во вториот квартал годинава. Иако се уште се прават анализи дали ќе има ребаланс, буџетот е стабилен – вели министерката. Кредитниот рејтинг го потврди и агенцијата Фич, а јавниот долг е намален од над 60% на 58,8% од БДП за две и пол години.