Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Димитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светската банка и ИФЦ: Потврдена поддршката за реформите и развојните приоритети на државата

Во рамките на годишните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на годишните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средби со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора, и извршниот директор на Светската банка за конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенат.

На средбите, како што соопшти Министерство за финансии, беше разговарано за досегашната соработка со овие меѓународни финансиски институции, тековните активности и проектите што се реализираат во земјата, како и можностите за натамошно унапредување на партнерството во поддршка на реформите и развојните приоритети на државата.

Светската банка останува еден од значајните развојни партнери на Македонија обезбедувајќи финансиска и експертска поддршка за спроведување на реформите и реализација на проекти во повеќе области.

Реклама

Тековното портфолио опфаќа активности насочени кон унапредување на јавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство.

Во разговорите беше истакната и важноста на соработката со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во насока на поттикнување на приватните инвестиции, подобрување на деловното опкружување, поддршка на зелената транзиција и зголемување на конкурентноста на домашната економија.
Посебно внимание беше посветено на реализацијата на рамката за партнерство со Светската банка за периодот 2024 – 2028 година, која предвидува значителна финансиска и техничка поддршка за земјата, која е во износ од речиси 700 милиони долари.

Во таа насока, акцентот беше ставен на забрзување на реализацијата на проектите, поефикасно користење на расположливите средства и постигнување конкретни резултати за граѓаните и економијата.

На средбите беше разговарано и за можностите за поддршка на нови стратешки инвестиции, како и за унапредување на соработката во областите што се значајни за економскиот раст, конкурентноста на приватниот сектор и подобрувањето на квалитетот на јавните услуги.

Министерката Димитриеска-Кочоска истакна дека Владата останува посветена на спроведувањето на реформите, одржувањето на макроекономската стабилност и унапредувањето на управувањето со јавните финансии. Партнерството со меѓународните финансиски институции има важна улога во реализацијата на развојните приоритети и стратешките инвестиции што треба да придонесат за долгорочен и одржлив економски раст.

Претставниците на Светската банка ја поздравија определбата на Владата за продолжување на реформите и ја потврдија подготвеноста на институцијата и во наредниот период да обезбедува експертска и финансиска поддршка за остварување на развојните приоритети на земјата.

На средбата, покрај министерката, присуствуваше и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Светската банка, како што информираат од Народна банка, активно ги поддржува активностите на Народната банка за интегрирање на домашниот финансиски систем во европската платежна инфраструктура, со посебен акцент на воспоставувањето национален систем за инстант-плаќања, неговото регионално поврзување со платните системи на земјите од Западен Балкан и интегрирањето со ТИПС – системот за порамнување на инстант-лаќањата на Европската централна банка.

Ова беше истакнато на средбите на гувернерот Славески со заменик-претседателката на Светската банка, Антонела Басани, и со извршниот директор на Светската банка за конституенцата во која членува нашата земја, Јуџин Ругенат. 

Гувернерот Славески имал повеќе средби, на кои истакнал дека една година, по приклучувањето на нашата земја кон Единствената област за плаќања во евра – СЕПА, оваа иницијатива прерасна во водечки канал за извршување и примање прекугранични плаќања во евра носејќи конкретни и видливи придобивки за граѓаните и бизнис-заедницата, но и за економијата во целина.