Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Димитриеска Кочоска – Каменицки: Словачка ќе го сподели искуството со Македонија во спроведување на реформите

Словачка и Македонија имаат огромен потенцијал за унапредување на економската соработка. Совачка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Словачка и Македонија имаат огромен потенцијал за унапредување на економската соработка. Совачка е силен поддржувач на македонската евроинтеграција, спроведување на рефомите коишто се во насока на остварување на овој процес и пренесување на своето искуство. Ова беше констатирано на тет-а-тет средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со својот колега и домаќин на средбата, министерот за финансии на Словачка Ладислав Каменицки.

На средбата, како што соопшти Министерството за финасии, е истакнато дека Словачка е заинтересирана за трансфер на know-how во Mакедонија, во областите за кои смета дека е најподготвена, а кои се од големо значење на нашата земја во исполнувањето на неопходните ЕУ критериуми. Притоа е нагласено дека Словачка е подготвена за пренос на знаење во областа на јавните финансии,  борбата против даночното затајување,како и во областа на јавните инвестиции.

Дополнително, беше потенцирана и силната поддршка која ја дава за имплементацијата на Националната развојна стратегија, како клучен документ што ги насочува идните развојни политики.

Реклама

Министерката потенцираше дека Владата и Министерството за финансии остануваат фокусирани на одржување на макроекономската стабилност и стабилност во јавните финансии, спроведување постепена фискална консолидација, како и остварувување на повисоки стапки на економски раст, поттикнати и преку реализација на јавни инвестиции.

Станува збор, како што наведе министерката, за реформи и чекори коишто се приоритет во владините програми,  но и во мерките и политиките коишто се разговараа и на вчерашните состаноци во Брисел.

Соговорниците констатираа дека економската соработка меѓу двете земји треба да се унапреди и дека во таа насока е неопходно продлабочување на бизнис поврзувањето, размена на информации и реализација на заеднички проекти.

Министерката Димитриеска-Кочоска престојува во дводневна посета на Република Словачкана покана на министерот Каменици. Во рамки на посетата, ќе бидат одржани средби на делегациите на двете земји, како и државните секретари од министерствата за финансии. Предвидено е Димитриеска-Кочоска и Каменицки да одржат заедничка прес-конференција.