Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Димитриеска Кочоска: Јавниот долг е под контрола, ќе ја исполниме обврската за фискалана консолидација

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека успешно се менаџира растот на бруто домашниот производ и на јавниот долг кој, според неа, е под строга контрола и сè уште е под 60 проценти од БДП. Како што изјави вечерва, состојбата со јавниот долг апсолутно не треба да загрижува и годинава ќе биде исполнета обврската […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека успешно се менаџира растот на бруто домашниот производ и на јавниот долг кој, според неа, е под строга контрола и сè уште е под 60 проценти од БДП. Како што изјави вечерва, состојбата со јавниот долг апсолутно не треба да загрижува и годинава ќе биде исполнета обврската за фискалана консолидација. 

– Не, апсолутно не треба да не загрижува. Не само сега, туку многу пати и во минатото сум зборувала, многу е важно за што се задолжуваме. Тоа е она истото, ако одите во банка и земете одредено кредитирање, тогаш прашањето во целата таа ситуација е дали тој кредит којшто ќе го земете за одредена инвестиција е оправдан или не. Ако погледнеме во изминатиов период процентот на бруто домашниот производ јасно кажува дека растот којшто сме го планирале, нели, го остваруваме. Сето тоа е резултат на тие нови задолжувања, така што мислам дека во изминатиов период успешно го менаџираме растот на Бруто домашниот производ и растот на јавниот долг, којшто е под строга контрола да кажам и сè уште е под 60 проценти од бруто домашниот производ, рече министерката Димитриеска Кочоска на едно од телевизиските интервјуа.

Прашана колку ќе се зголеми буџетскиот дефицит со ребалансот на Буџетот, посочи дека се уште се работи и се анализираат состојбите според барањата на министерствата и оти врз основа на тоа ќе се констатираат конечните бројки. 

Реклама

– Она што во моментот можам да го кажам кога станува збор за приходната страна, акцизите  како резултат, пред се, на мерките кои имавме во изминатиот период поврзани со нафтата и нафтените деривати, таму можеби ќе имаме надолна корекција во однос на приходната страна. Пративме допис до Царинската управа со цел да видиме какви се нивните проекции, врз основа на тоа дали ќе видиме дали ќе корегираме. Како резултат на тоа доколку нема одредени корекции на расходна страна, по автоматизам тука би била првата корекција на буџетскиот дефицит, информира Димитриеска Кочоска.

Секој министер, посочи, има свој лимит во тековната година којшто е утврден во рамки на фискалната стратегија. Во изминатиов период имаше министри кои направија реализација на нивните расходи во првата половина од годината и како резултат на тоа дојде до повисок процент на реализација на буџетскиот дефицит, но, потенцира, тоа не значи дека во втората половина од годината имале план да имаат поголеми расходи.

– Единствено што можам  со сигурност да кажам е дека она што ќе го дополниме (нормално ќе има и одредени пренамени во рамки на ставките од еден кон друг буџетски корисник) е дополнување на програмата АА или онаа позната Програма и финансирање за општините коешто го правевме, бидејќи тука сите министерства коишто, во изминатиов период  имаа проекти со општините, пријавија висок процент на реализација. Еве и тоа можеби е една од причините поради коишто имаме повисок степен на реализација, рече Димитриеска Кочоска.

Потенцираше дека и годинава ќе ја исполниме обврската за фискалана консолидација, која, посочи, значи дека секоја следна година треба да имаме понизок буџетски дефицит во однос на претходната година. 

– Во тој дел не можам да кажам дека ќе има одредени отстапувања. Сме го ветиле моментот со фискалната консолидација и тоа ќе го направиме, рече министерката.