Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

ДИК разгледуваше приговори за лично избирачко право и за гласање во домашни услови, нема се гласа во затворениот старски дом „Арија“

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница разгледуваше приговори за лично избирачко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница разгледуваше приговори за лично избирачко право и од болни и немоќни лица на кои не им било прифатено барањето за гласање во домашни услови.

На седницата беа прифатени неколку од овие приговори, а членовите на ДИК нагласија дека на лицата на кои им се прифатени приговорите за лично избирачко право бидејќи ги нема во Избирачкиот список, кој веќе е заклучен, и во апаратите за биометриска идентификација, кога ќе одат на гласање треба да го носат решението што ќе им биде издадено од ДИК. 

За околу 9.000 лица, болни и немоќни беа поднесени барања за гласање во домашни услови, а претседателот на ДИК Борис Кондарко истакна дека вакви приговори веќе нема да разгледуваат бидејќи рокот за нивно поднесување завршил синоќа на полноќ. 

Реклама

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница акредитираше уште 9 набљудувачи од ЦИВИЛ, 24 набљудувачи од Совет на Европа и двајца набљудувачи од Wake up. Досега се акредитирани 1340 набљудувачи, од кои 699 домашни и 639 меѓународни набљудувачи и двајца странски новинари. 

Претседателот на ДИК Кондарко информираше дека нема да се спроведе гласање за осум лица во Домот за стари лица Арија којшто е затворен согласно дописот што до нив пристигнал од Министерството за социјална политика, демографија и млади.