Реклама

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Македонија

ДИК: Измени на Годишниот план за јавни набавки за подготовка за претстојните локални избори

Државната изборна комисија, денеска ја одржа 125-тата седница на која членовите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија, денеска ја одржа 125-тата седница на која членовите на комисијата ја разгледаа и усвоија одлуката за измена на Годишниот план за јавни набавки во пресрет на претстојните локални избори. Членовите на ДИК едногласно ги изгласаа и усвоија и решенијата за утврдување на пописите на избирачките места во неколку скопски општини и Радовиш.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко рече дека измената на годишниот план за јавни набавки се однесува на тековно работење во пресрет на изборите.

Членот на ДИК, Ангелчо Ристов рече дека измените се предвидени за редовното работење на Државната изборна комисија и се однесуваат на набавка на лиценци за опремата на ДИК, опфатени во делот на организирање и спроведување на локалните избори.

Реклама

-Во интерес само на јавноста да појасниме дека се врши измена на годишниот план за вкупните потреби за јавните набавки за 2025 година во делот на оние набавки коишто се предвидени за редовното работење на Државната изборна комисија, односно се менува очекуваниот почеток за отпочнување на набавката, проценетата вредност и видот на набавката во делот кај што е предвидено набавка на лиценци за опремата на ДИК, односно на лиценци заменети за офис 365. Со оглед на фактот дека е утврдена потреба од зголемување на проценетата вредност, согласно реалните потреби на ДИК и согласно дејствијата коишто треба да бидат опфатени во делот на организирањето и спроведувањето на локалните избори, согласно човечкиот потенцијал којшто ќе биде ангажиран за истите, предлагам оваа одлука да се изгласа и да се постапи согласно предложената содржина од страна на службата и по самата одлука како и по усвојувањето на истата, да се пристапи кон изготвување на пречистен текст на Годишниот план за јавни набавки, рече Ангелов.

На денешната седница членовите едногласно ги изгласаа и решенијата за утврдување на избирачки места во повеќето скопски општини. Како што појасни Кондарко, станува збор за решенија за утврдување на пописите на избирачките места, врз основа на надлежностите на ДИК, што е и стандардна процедура која тековно се спроведува во соработка со Државниот завод за статистика и податоците кои пристигаат од подрачни одделенија за редовно усогласување и ажурирање на избирачките места.

-Конкретно се однесува за неколку решенија во неколку општини, во неколку избирачки места: избирачко место 1585, општина Радовиш, 2915, Визбегово, општина Бутел, 2915/1, Визбегово, општина Бутел, избирачко место 2789/1 Драчево, општина Кисела Вода, избирачко место 2789, Драчево, Кисела Вода, 2835, општина Центар, избирачко место 2753, општина Аеродром, 2730/1 Аеродром, 2730 исто така Аеродром и избирачко место 2642, општина Карпош, кажа претседателот на ДИК.

На денешната седница беше изгласан и записникот од претходната седница.