Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Прилози

Дигитализацијата станува клуч за конкурентен бизнис во Македонија

Оптимизирање на работните места, дигитализација и правилно користење на вештачката интелигенција е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оптимизирање на работните места, дигитализација и правилно користење на вештачката интелигенција е иднината. Македонските бизнис-асоцијации започнаа со организирање обуки на малите и средни компании. Сојузот на стопанските комори, преку работилници, ќе ги обучува малите и средните бизниси за користење на дигитални алатки. Обуките почнуваат со делот на дигиталниот маркетинг.

„Настанот се реализира во соработка со проектот Инофех Еид, кој што е проект за дигитализација и во него спаѓаат низа активности коишто веќе Комората подолго време ги организира и се насочени кон поддршка на дигиталната трансформација на компаниите во Македонија. Нашата цел како Сојуз на стопански комори е преку ваквите настани да поттикнеме поголема информираност, практична примена на новите технологии и да дадеме поддршка на компаниите полесно да ги искористат придобивките од дигиталните алатки за својот понатамошен раст и развој“, рече Сандра Златковска, член на УО на ССКМ.

Дигитализацијата и зелената транзиција се обврска и од реформската агенда. Се бара поголема транспарентност и дигитализација на сè поголем број процеси, во државните институции, но и во бизнис-секторот. Македонската компанија „ДИННА“ ги следи европските трендови и успеа да патентира глобален софтвер, развиен од македонски инженери, кој се користи и во дел од европските и светски компании.

Реклама

„Многу е потребно во ова време да се има алатки кои се поддржани од вештачка интелигенција, генеративна вештачка интелигенција, кои што се тренирани на вертикално знаење во сегмент кој што е потребен. „ДИННА“ нуди маркетинг, треба да има и други кои што нудат други сегменти од бизнисот за да може да не дојде до халуцинации на системи, ефективни сценарија. Тоа што ја прави „ДИННА“ различна е тоа што секој бизнис, првиот чекор за секој бизнис е да ја тренира „ДИННА“, мозокот во „ДИННА“, на својот бизнис, својот сегмент, својот пазар и на тој начин „ДИННА“ станува нивниот виртуелен директор на маркетинг. „ДИННА“ е патентирана на глобално ниво како зелено технолошко дигитално решение, во „ДИННА“ имплементираме затворен внатрешен систем. Што значи тоа? Дека „ДИННА“, пред сè, работи заедно со енд-јузерот, со човекот и ништо не се споделува, ништо не се држи, ништо не се чува, никаква акција не се презема додека човекот позади „ДИННА“ не го потврди тоа“, рече Ина Марковиќ, ЦЕО и основач на „ДИННА“.

За целосно приближување до европските стандарди за одржливост, која е важен сегмент од зелениот договор и од реформската агенда во делот на зелената транзиција, потребно е воведување на сè поголем број дигитални процеси и во компаниите, но и во државните институции. Затоа сметководителите први преземаа чекор со обуки за дигитално објавување на сметководствените податоци кои ќе бидат јавно достапни, а државата го надградува порталот Е-услуги, кој ќе биде местото каде што ќе може да се добијат голем број услуги по електронски пат.