Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Денеска се навршуваат 10 години од крвавиот терористички напад во кумановско „Диво Насеље“

Една деценија тага и непрепол, но и длабока болна мистерија – кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една деценија тага и непрепол, но и длабока болна мистерија – кој и со каква цел го нарача крвавиот „пир“ во кумановско „Диво насеље“ каде на денешен ден во 2015-тата во раните утрински часови, претходно уфрлена поголема албанска терористичка група влезе во 28-часовен вооружен конфликт со македонските безбедносни полициски сили. Притоа, оумина, претежно млади луѓе, бранејќи ги интегритетот и суверенитетот на својата татковина, засегаш се вградија во темелите на слободарска Македонија. Денеска, на овој тажен помен – молк и тишина, но и длабок наклон и почит пред паметниците на македонските херои подигнати во нивна чест за одважната им жртва, а која ја платија со своите млади животи.

  „Мислам дека историјата ќе пишува за настаните кои се случувале…Се случи што се случи, мислам дека некои истраги се уште траат, но не се знае точно ниту нарачателот, ниту која беше целта на тој навистина немил настан. Осум млади македонски млади животи изгубени. Но, сепак цената беше висока за чување на интегритетот и суверенитетот на нашата држава и милсма дека успеавме како држава да се соочиме и со тој предизвик“, – изјави Дејан Проданоски, пратеник во Собранието на Република Македонија.

Еден од загинатите македонски бранители е и 27-годишниот Ненад Серафимовски, кој по мајчина страна има прилепско потекло. Неговото семејство, соборците, како и претставници од ЛС Прилеп и граѓани, денеска пложија венци пред неговиот споменик во Прилеп, кој семејството го подигна во негова чест пред неколку години во Паркот од прилепскиот Основен суд. Неговата тетка, се уште скршена од болка, вели дека таа нивна рана вечно ќе остане жива и никогаш нема да престане да боли, особено што се уште не знаат кои беа нарачателите и зошто.

Реклама

„Како прво сакам да изразам сочувство до загинатите во Кочани и им пожелувам побрзо опоравување на повредените. После десет години, болката останува иста, не може никогаш да се смени, не може никој да ги врати, животот продолжува понатаму…Има осудени и се во затвор, но сепак сакаме да ја знаеме правата вистина“ – ни рече Сузана Џураков, тетка на убиениот Ненад Серафимовски.

„Ова да не се повтори, ненад Серафимовски да биде последната жртва кој што го даде животот за овој безгрижен, сигурен начин на покажување на љубов кон татковината“, – кажа Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

  При терористичкиот напад во „Диво Насеље“, освен Ненад, загинаа и Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исмедин Османи, Сашо Самојловски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медалји за храброст. Во 2017-та година за виновни беа прогласени 33 лица, седум од нив добија доживотна робија, 13 беа осудени на 40 години затвор, шестмина по 20 години, а останатите добија од 12 до 18 години затвор, а десетмина од терористите беа убиени уште при престрелките.