Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Денеска се гласа за градоначалници во три пелагониски општини, како и во Македонски Брод

Крушево, Долнени и Могила се трите пелагониски општини во кои денеска граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крушево, Долнени и Могила се трите пелагониски општини во кои денеска граѓаните гласаат по вторпат за избор на градоначалници. Во Крушево, во вториот круг право на глас имаат 7.768 гласачи кои гласаат на 23 избирачки места, во Долнени на 40 избирачки места ќе гласаат 11.929 граѓани, а додека во Могила евидентирани се 4.671 гласач кои ќе гласаат на 23 избирачки места.

Втор изборен круг има и во Македонски Брод каде гласачкото тело брои 4.835 лица и се гласа на 53 избирачки места. Гласањето во општините Могила и Македонски Брод, се специфични по тоа што во овој втор круг, реално се гласа само за еден кандидат, откако после првиот круг, нивните противкандидати се откажаа од изборната трка, иако, согласно Изборниот законик, имињата и на откажаните кандидати ги има на избирачкото ливче.

Според информациите добиени од ОИК во овие општини, утринава сите гласачки места отворени се навреме, односно точно во 7 часот, и досега гласањето секаде се одвива непречено, во фер и демократска атмосфера. Излезноста во претпладнвените часови  во Крушево изнесува околу 15% и споредена со првиот круг е поголема. Слична е ситуацијата и во Долнени, во Могила и Македонски Брод.

Реклама

Инаку, во текот на вчерашниот ден, своето право на глас први го искористија болните и изнемоштените лица, при што во Крушево гласале 255 такви лица и се за 37 лица повеќе од првиот круг, а додека во соседната општина Долнени гласале 134 гласачи. Овие лица, согласно Законот, гласаат дома или во установите каде што се сместени, во присуство на членови од надлежните Избирачки одбори. Во првиот круг овие две општини беа едни од општините со најголем процент на излезност од 67, 28% и 56,84 отсто.