Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Демографски аларм-се помалку деца се раѓаат, се повеќе млади се иселуваат, Владата најавува сеопфатни мерки

Македонија се соочува со сериозна  демографска криза. Се помалку деца се раѓаат,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се соочува со сериозна  демографска криза. Се помалку деца се раѓаат, се повеќе млади се иселуваат.  Демографијата треба да биде  едно од клучните и витални прашања  за иднината на Македонија и затоа не смееме да дозволиме да има празни училници, празни училишта, празни улици, празни игралишта. Националниот координатор за демографија, Влатко Ѓорчев, вели дека се чувствуваат последиците од 2017 до 2020 кога имало голем пад на наталитетот.

-Оваа година сега првачиња се децата кои што се родени пред шест години 2020 година. Во 2020 година нам на Македонија ни се случи демографска катаклизма. Значи имавме страшно големи падови тогаш на бројот на родени деца сега тие последици доаѓаат после шест годиниистакна националниот координатор за демографија Влатко Ѓорчев

Македонија исто како и Европа но и добар дел од светот е во длабока демографска криза, затоа е потребно да се применат  сеопфатни и сразмерни мерки. Но покрај мерките  клучно е младите да сакаат да имаат потомство и да градат брачни заедници.

Реклама

-Мора да сме свесни за тоа дека децата се најголемо богатство. Мерки секогаш имало но клучна, клучна работа за демографијата тоа е личната желба. Таа лична одлука за родителство да се има дете е незаменлива и едноставни ние треба да допреме до срцата на помладите генерации а тоа е дека родителството е нешто кое што ќе не прави среќниистакна националниот координатор за демографија Влатко Ѓорчев

Инаку Владата веќе има конретна стратегија и мерки. Дел од тие мерки кои се применуваат се: шест бесплатни обиди за ин-витро, бесплатни учебници, нови градинки, поддршка за младите семејства како и полесен начин за купување прв стан за младите. Дополнително се разгледуваат и мерки како даночни олеснувања за мајки, поддршка за семејствата и зголемување на свесноста за демографијата. Дека Македонија има намален наталитет доказ  е поразителната бројка  на запишани првачиња во новата учебна година која е за 3000 помала во однос на минатата година.