Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Делчево со рекорден буџет за поддршка на талентирани ученици и студенти во 2026 година

Буџетот на Програмата за образование на Општина Делчево за 2026 година е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Буџетот на Програмата за образование на Општина Делчево за 2026 година е зголемен за 250.000 денари и е целосно насочен кон поддршка на талентирани ученици и студенти. Со тоа, како што денеска информираше градоначалникот Иван Гоцевски, локалната самоуправа прави значаен чекор кон унапредување на образованието и мотивацијата кај младите.

– Со новата програма, општинските стипендии и награди се зголемени, при што износот на наградите порасна од 500 на 1.000 денари, а за првпат се воведува и еднократна парична награда за првенците на генерација – 20.000 денари за основно и 30.000 денари за средно образование. Во делот на стипендиите за талентирани ученици од семејства со ниски приходи, планирани се 10 стипендии со месечен износ зголемен од 1.500 на 2.000 денари. За учениците со особено висок успех се предвидени 8 стипендии, при што износот е зголемен од 2.000 на 2.500 денари месечно, појасни Гоцевски.

Во рамки на мерките за поддршка и наградување, Општина Делчево предвидува и ваучери во износ од 20.000 денари за 15 најдобри матуранти од СОУ „М.М. Брицо“, како признание за постигнатите резултати во средното образование, а зголемување има и кај студентските стипендии. 

Реклама

– За студентите од семејства со ниски приходи, стипендијата се зголемува од 2.000 на 2.500 денари, додека за талентираните студенти од 3.500 на 4.000 денари. Стипендијата за ученик со попреченост, исто така, е зголемена од 1.500 на 2.000 денари. Зголемена е и еднократната финансиска поддршка за запишани првачиња во основните училишта, од 3.000 на 4.000 денари. Дополнително, наградите за најдобрите ученици Роми се зголемени – за основците од 5.000 на 6.000 денари, а за најдобриот ученик Ром во средно образование на 11.000 денари, подвлече градоначалникот.

Истакна дека со Програмата за образование за 2026 година, Општината вложува таму каде што има најголема вредност – во младите и нивната иднина.

– Со овие мерки испраќаме јасна порака – трудот се препознава, знаењето се поддржува, а успехот се вреднува. Ќе продолжиме да создаваме услови во кои секое дете ќе има можност да напредува и да ја гради својата иднина тука, во Делчево, нагласи Гоцевски.

Јавниот конкурс за доделување на општинските стипендии ќе биде распишан во текот на овој месец.