Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Делчево формира Совет за развој на туризмот за поинтензивен локален економски развој

Општина Делчево започнува нова фаза во креирањето на локалните политики за економски развој преку формирање Совет за развој на туризмот, тело кое ќе има задача да ги обедини институциите, стопанството и граѓанскиот сектор во насока на поефикасно искористување на туристичките потенцијали на општината. Градоначалникот Иван Гоцевски информира дека по направените анализи на состојбите во локалната […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево започнува нова фаза во креирањето на локалните политики за економски развој преку формирање Совет за развој на туризмот, тело кое ќе има задача да ги обедини институциите, стопанството и граѓанскиот сектор во насока на поефикасно искористување на туристичките потенцијали на општината.

Градоначалникот Иван Гоцевски информира дека по направените анализи на состојбите во локалната економија и функционирањето на општинската администрација било утврдено оти недостига интегрирана и синхронизирана соработка меѓу општинските служби, стопанството и останатите чинители во областа на локалниот економски развој.

– Во изминатиот период работевме на зајакнување на капацитетите на месните и урбаните заедници со цел секое населено место активно да учествува во креирањето на развојните политики. Паралелно воспоставивме нови механизми за соработка со стопанските субјекти и невладините организации, а туризмот е препознаен како една од областите со најголем потенцијал за раст во Делчево, изјави Гоцевски.

Реклама

Советот ќе биде координиран од градоначалникот и службите за локален економски развој, а во неговата работа ќе бидат вклучени претставници од културните институции, спортските и фолклорните здруженија, планинарските клубови, образовните установи, Македонската православна црква, локалните медиуми, угостителскиот и хотелскиот сектор, транспортните компании, месните заедници, како и претставници од Министерството за внатрешни работи, Граничната полиција и надворешни експерти.

Основна задача на Советот ќе биде воспоставување силна институционална платформа за развој на туризмот преку активно учество на сите релевантни чинители во креирањето на туристичките политики и дефинирањето на конкретни мерки и проекти.

Меѓу приоритетите се развој на одржлив туризам, подобрување на туристичката инфраструктура, промоција на природните, културните и историските богатства на Делчево, поттикнување инвестиции во туристичкиот сектор, отворање нови работни места, зголемување на бројот на домашни и странски посетители и унапредување на соработката меѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.

Од Општината оценуваат дека со формирањето на Советот за развој на туризмот се поставуваат нови темели за системски пристап кон развојот на туризмот, со амбиција овој сектор во наредните години да стане еден од главните двигатели на локалниот економски раст и развој.