Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Дебата и публикација за зелената и дигиталната трансформација на Македонија

Напредокот и предизвиците на зелената и дигиталната трансформација, институционалните капацитети, инвестициските потреби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Напредокот и предизвиците на зелената и дигиталната трансформација, институционалните капацитети, инвестициските потреби и усогласувањето со приоритетите на Европската Унија ќе бидат во фокусот на панел-дискусијата и презентацијата на публикацијата „Двојна по име, асиметрична по мерка – Зелените и дигиталните реформи во Македонија: асиметрии, јазови, причини и финансиски ризик“, што ќе се одржат денеска во Europe House vo Скопје.

Публикацијата ги анализира зелената и дигиталната трансформација во земјата, со посебен акцент на спроведувањето на јавните политики, институционалните ограничувања, потребните инвестиции и финансиските ризици поврзани со двојната транзиција.

Централниот дел на настанот ќе биде посветен на панел-дискусија за зелената и дигиталната трансформација на Северна Македонија. На неа се најавени министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, Стефано Елеро, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија, министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и државниот секретар во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини Горан Јовановски.

Реклама

Учесниците ќе ги разгледаат можностите и ризиците од двојната транзиција, ќе ги идентификуваат постојните празнини и ограничувања и ќе дискутираат за препораки за политики насочени кон одржлив развој, економска конкурентност и европска интеграција.

Настанот го организираат Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ од Брисел.