Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Судењето за „Пулс“ продолжува со сослушување вешто лице на одбраната

Со изведување докази предложени од одбраната, денеска, во судницата во затворот „Идризово“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изведување докази предложени од одбраната, денеска, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје, треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На денешното рочиште, како што е најавено, треба да биде сослушано вешто лице предложено од одбраната на обвинетата Милка Едровска, инженерка од фирмата „Венци проект“. 

Претходно заврши сослушувањето на вештакот Петре Русески, кој го има изработено градежното вештачење за првообвинетиот Дејан Јованов и уште двајца обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Реклама

Во текот на повеќе рочишта Обвинителството ги оспоруваше неговите заклучоци за градежните интервенции во објектот, документацијата и условите за евакуација, а Русески остана на ставот дека од градежен аспект немало реконструкција или пренамена, туку внатрешно ентериерно уредување и занаетчиски работи.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и продолжува со изведување докази на одбраната, која има најавено повеќе од 240 сведоци. 

На 14 септември годинава заврши изведувањето на доказите на Јавното обвинителство. На речиси 49 рочишта изведени се 1.390 материјални докази и сослушани 45 сведоци и пет вешти лица. 

Судењето почна на 19 ноември 2025 година кога осум месеци по трагедијата на обвинителна клупа седнаа 35 обвинети физички и три правни лица. Во меѓувреме, еден од обвинетите, Љупчо Грнчиштанов, почина.

Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. 

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.