Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Хаџи Василева: Правните мислења на одбраната во случајот Ристов немаат доказна вредност

Јавната обвинителка Искра Хаџи Василева, денеска, по рочиштето за случајот против судијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавната обвинителка Искра Хаџи Василева, денеска, по рочиштето за случајот против судијата Ѓоко Ристов, оцени дека правните мислења приложени од одбраната немаат доказна вредност и не може да влијаат врз одлуката на судот. По презентираните материјални докази на одбраната, меѓу кои и правни мислења и толкувања од универзитетски професори, обвинителката рече дека судот е должен да ги цени фактите и доказите изведени во постапката, а не ставови засновани на академски авторитет.

-Денека беа презентирани материјални докази на одбраната, а меѓу кои јазични толкувања, правни мислења кои ги даваат професори под плаштот на некаков академски авторитет, но во суштина тоа го симнува нивото на правната култура кај нас, бидејќи земено правно и професионално, тие немаат никакво тежина и значење. Судот го обврзуваат фактите и доказите изведени на рочиште. Правните мислења дадени како нечиј авторитет навистина не го обврзуваат судот и навистина е несериозно да се користат како докази, бидејќи во суштина не се докази и не можат да бидат докази – истакна Хаџи Василева која минатата недела беше избрана за шефица на ОЈО ГОКК.

Адвокатот на одбраната Ѕвонко Давидовиќ, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека одбраната се откажала од дел од предложените сведоци, бидејќи не успеала да стапи во контакт со нив и оцени дека нивното сведочење не би донело нови сознанија во постапката.

Реклама

Тој информира дека финансиското вештачење што го побарала одбраната сè уште не е завршено, но оти е во завршна фаза и опфаќа анализа на банкарските сметки на шест лица.

Во однос на правното мислење на професорот Гордан Калајџиев, Давидовиќ посочи дека тоа е побарано од одбраната и се однесува на правната квалификација на делото, при што одбраната останува на ставот дека судија не може да биде опфатен со законското битие на кривичното дело за кое се товари Ристов – „злоупотреба на службената положба“.

Против судијата Ѓоко Ристов се води постапка поврзана со 350.000 евра пронајдени при претрес во домот на неговите родители во Неготино. Од Обвинителството претходно соопштија дека средствата не биле пријавени и дека нивното потекло не било поткрепено со докази.

Судскиот процес го води судијката Билјана Коцевска.