Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Конференција за е-трговија: Мора паралелно да се работи на надминување на слабостите и да се следат новите технологии

Македонија се соочува со сериозни предизвици во развојот на е-трговијата, меѓу кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се соочува со сериозни предизвици во развојот на е-трговијата, меѓу кои ниското ниво на дигитални вештини, високата сива економија, недоволната доверба во онлајн купувањето и доминацијата на готовинските плаќања. Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија во Македонија, Нина Ангеловска, вели дека регионот мора паралелно да работи на надминување на слабостите и да ги следи новите технолошки трендови. 

– Додека светот зборува за ВИ-агенти, хиперперсонализација и автоматизирана е-трговија, ние во регионот сè уште се соочуваме со некои основни предизвици. На пример, сè уште имаме ниско ниво на дигитални вештини, речиси 31 процент во споредба со 64 проценти во Европската Унија. Особено кај напредните дигитални вештини процентот е уште помал. Македонија е на најниско ниво во регионот, со само седум проценти. Покрај тоа, имаме високо ниво на сива економија, недоволна доверба во онлајн купувањето, на која треба да работиме, како и доминација на готовинските плаќања во трговијата – изјави Ангеловска пред почетокот на денешното 9. издание на регионалната конференција за е-трговија.

Ангеловска вели дека развојот на е-трговијата не може да чека целосно да се надминат постојните проблеми, туку е потребно истовремено вложување во дигиталните вештини, довербата на потрошувачите и примената на новите технологии.

Реклама

– Не можеме да чекаме првин да ги решиме сите основни проблеми, па дури потоа да се занимаваме со иднината – рече Анегловска. 

Податоците на Асоцијацијата за е-трговија покажуваат дека сè уште доминираат готовинските плаќања и дека, генерално, повеќе од 50 проценти од трансакциите се во корист на домашните трговци, што, според Ангеловска, е позитивен показател.

Сепак, со растот на глобалните платформи се зголемува и учеството на странските трговци, односно бројот и вредноста на трансакциите со домашни картички кон странство.

Според последните податоци на Народната банка, вкупната вредност на реализираните електронски трансакции во првото полугодие бележи раст од 14 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Асоцијацијата за е-трговија има направено анализа посветена на готовинските наспроти безготовинските плаќања во е-трговијата, со цел да се утврдат можностите за забрзување на развојот на безготовинската трговија. Клучните сознанија од анализата ќе бидат презентирани на денешната конференција, на која е најавено учество на повеќе од 900 учесници од 12 држави, меѓу кои и глобални компании, како „Гугл“, „Линкдин“, „Тесла“ и „Амазон“.

Според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, постојат добри предуслови за развој на електронската трговија, со оглед на тоа што купувачите сè повеќе се присутни на интернет, а 97 проценти од малите и средните претпријатија имаат пристап до интернет.

Според него, следниот чекор е искористување на овој потенцијал преку развој на електронската трговија, дигитализација на плаќањата и унапредување на дигиталните вештини.

Министерот издвои два проекти на кои работи Министерството, а кои имаат директна поврзаност со дигиталната трансформација на бизнисите.

Првиот се однесува на формирање два европски дигитални иновациски хаба, наменети за поддршка на малите и средните претпријатија. Едниот се реализира во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), а вториот преку проектот „Дигитмак“.

Првиот хаб функционира ресиси една и пол година, при што досега повеќе од 60 компании добиле дигитални процени, патокази за трансформација и обуки, а вториот проект е насочен кон дигитализација на трговците.

Како конкретен пример, министерот ја посочи иницијативата во Битола, реализирана во соработка со Стопанската комора во Битола, Комората на угостителите, две македонски банки и „Виза“. 

– Станува збор за целосна трансформација на повеќе од 90 мали и средни претпријатија. Ова искуство нè поттикна и нè инспирира слични чекори да преземеме и во други делови од државата, секако, во соработка со партнери како „Виза“, банките и другите организации – посочи Андоновски.

Посочи дека ова искуство претставува поттик за спроведување слични иницијативи и во други градови и региони, во соработка со банките, „Виза“ и другите партнери.