Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

ФА „Мегдан“ со традиционален фолклорен концерт го одбележа Денот на ослободувањето на Дојран

Со звуците на традиционалните народни инструменти и фолклорните изведби на познатите македонски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со звуците на традиционалните народни инструменти и фолклорните изведби на познатите македонски ора, вчеравечер во преполниот хол на основното училиште „Кочо Рацин” се одржа традиционалниот концерт на ФА „Мегдан” по повод 5 ноември, Денот на ослободувањето на Дојран.

Играорците од фолклорната секција од Дојран, заедно со богданските членовите на фолклорниот ансамбл ги изведоа добро познатите Малешевка, Копачија, Повардарие, Источна, Копачка, Водарки, Македонско девојче и Црногорка.
Посебна тежина на настапот даде професионалната музичка изведба на народниот оркестар при ДМУЦ „Сергеј Михајлов” од Штип, како гости на целовечерниот концерт.

Концертот кој е дел од програмата за одбележувањето на 5 ноември, Денот на ослободувањето на Дојран, е под покровителство на Министерството за култура и туризам и на Општина Дојран.